ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Шарените се контекст, а не нешто кое можеш на копче да го уклучиш и исклучиш

Слушајте, многу е важно да се пополнат дупките во аргументациите за „шарените". Прво, шарените беа контекст, политички феномен што настана во околноси на апсолутна и перманентна власт една цела декада. Шарените се контекст, а не нешто кое можеш на копче да го уклучиш и исклучиш. Шарените беа светлина и производ на еден мрачен и насилнички режим. Шарените беа резонанса, ако сакате, на дивеењето на Груевски цела една декада

February 12, 2020 22:12
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Многу е срамно да се слуша Гордан Калајџиев кого многу сум го почитувал, како умерен и пристоен човек што го разбира контекстот и околностите во земјава и регионот, за сега, предизбори, да го слушам како одвратно одработува за Мицкоски.

Како тоа го приметувам? Па на прашањето каде се сега “шарените”, Калајџиев вели дека се посрамени. Барале правда, а правда немало. За потоа, самиот да констатира дека претходниот режим бил дупка во правосудството.

Слушајте, многу е важно да се пополнат дупките во аргументациите за „шарените”. Прво, шарените беа контекст, политички феномен што настана во околноси на апсолутна и перманентна власт една цела декада. Шарените се контекст, а не нешто кое можеш на копче да го уклучиш и исклучиш. Шарените беа светлина и производ на еден мрачен и насилнички режим. Шарените беа резонанса, ако сакате, на дивеењето на Груевски цела една декада.

Таа декада беше персонификација на заробена држава и киднапирани институции, а во таков контекст, невозможно е да речете: ајде сега од апсолутна диктатура на Груевски, преку ноќ ќе влеземе со Заев во апсолутна демократија, оти, нели, човекот тоа ни го ветил.

Па точно, ни го вети Заев тоа, ама исто така е точно тоа дека кога еден вирус ќе инсталирате и ќе го негувате десет години низ институциите, не можете наеднаш тоа да го промените.

Да скратам. Не сме глупави, Калајџиев многу гадно одработува, се прави наивен, и нема потреба да се скрива позади “шарените”. Тоа што е намачкан со сите бои, не значи дека не може да види што имавме вчера, а што имаме денес. Не е Калајџиев толку наивен, а не сме ниту ние. Глупава и инфантилна страна одбрал. Можел Калајџиев и подобро и повеќе, само ако сакал да види.

Со Заев, братко, влегуваме во светот, а со Мицкоски влегуваме во дупка. Не можам да прифатам дека Калајџиев не знае што прави. Итекако знае. Само што страната е погрешна. Во овој контекст и во вакви околности, со влез во НАТО и на чекор до ДИРЕКТНИ преговори со Европа, и тоа како страната е погрешна!

Може тие финти Калајџиев да ги продава на тие што им се обраќа, но нам тоа не може. Кои сме тоа ние?! Ние, брате, ние кои знаеме за какви злосторници и воено-хушкачи станува збор. Ние кои не прифаќаме да се стави знак равенство измеѓу Мицкоски и Заев.

Ние, брате, кои секојдневно урламе и врескаме: режим повеќе никогаш во оваа земја! Никогаш!

Next Post

Шекеринска на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk