коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Мицкоски најави дека нема да учествува во работата на Собранието. Образложението е прилично тенко – не им било прифатено барањето да се распушти Собранието денеска.
Значи, кога им беа понудени брзи предвремени парламентарни избори, молеа тие брзи избори да не бидат брзи – да не се одржат на 22 декември, туку на 12 април. Бараше предвремени избори од секој митинг и од секоја јога сеанса со својата претседателска кандидатка, па кога му беа понудени – бесрамно отстапи.
Доби предвремени на само неколку месеци од редовниот термин за избори. Сѐ што побара доби.
Сега, кога од него се бара да сработи нешто, да се донесат закони што се важни за државата и за ЕУ интеграциите, тој се заканува со бојкот.
Причините се добро познати: бегство од правдата и неспособност да се излезе од спиралата на сопствените црнила.
Воедно, добро знаеме што значи излегување од Собранието кога структура на чие раководно место се наоѓа тој (и неговиот вистински шеф од Будимпешта). Но, нема разлика во нивното однесување и кога се во Собранието. Со други зборови, а биле, а не биле, исто ни се фаќа. Ова е само уште една епизода од бескрајната турбо-фолк пропаганда и погрешни проценки (математики) за тоа што ѝ е потребно на нашата земја. Ајде сега, сите аплауз, ама гледајте на друга страна, можеби пак му паднале панталоните на Мицкоски.
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.