ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангеловска: Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ

Во реакцијата Ангеловска наведува дека нејзиниот кабинет е отворен за дополнителната заменик министерка и дека пред неколку недели на иницијатива на министерката, двете имале средба на која разговарале и за соработката, бидејќи според министерката во интерес на граѓаните е конструктивност.

February 13, 2020 20:04
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменик министерка за финансии има целосен увид во работата на Министерството за финансии, а голем дел од ресурсите на Министерството се ангажирани само во одговарање на барања на дополнителната заменик министерка. Министерството за финансии работи најтранспарентно од кога и да за што сведочи отворањето на голем број од информациите за целата јавност, како Трезорот, извршувањето на капиталните инвестиции по буџетски корисник, обврските на институциите, фондовите, општините и други алатки за транспарентност, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска во писмена реакција на прес-конференцијата на дополнителната заменик министерка Гордана Кочоска-Димитриеска.  

Во реакцијата Ангеловска наведува дека нејзиниот кабинет е отворен за дополнителната заменик министерка и дека пред неколку недели на иницијатива на министерката, двете имале средба на која разговарале и за соработката, бидејќи според министерката во интерес на граѓаните е конструктивност.

-Во насока на транспарентноста за која се залагаме како Министерство, како и организирање на фер и демократски избори, а согласно законот за Влада на Република Македонија, сите акти и документи кои ги продуцира Министерството за финансии – се доставуваат до дополнителниот заменик министер. Сите барања кои се доставуваат од Кабинетот на дополнителната заменик-министерка се одговараат стручно и професионално од секторите, согласно законите, вели Ангеловска.

Таа посочува и дека значаен дел од капацитетите на секторите се ангажирани само за одговарање на барањата, и дека голем дел од барањата физички не можат да се испорачаат во еден ден како што се побарува во дел од нив.

-Ова секако влијае и на динамиката на редовната работа на секторите, додава таа. 

-Дополнителната заменик министерка ги добива на редовна основа и на ист начин на кој јас ги добивам сите информации, документи, материјали кои се изготвуваат од Министерството за финансии и кои се разгледуваат на редовна седница на Влада, како и сите мислења изготвени од секторите на Министерството за финансии за сите материјали, акти,  документи и информации од други министерства и органи на власта, кои се разгледуваат на дневен ред на секоја седница на Влада. Со ова не само што има целосен увид на работата на Министерството за Финансии, туку има и преглед врз работата на Владата, посочува Ангеловска во реакцијата. 

Next Post

Каевски: Со оглед на тоа како функционира ВМРО-ДПМНЕ во МВР нема да бидам изненаден ако не бидат мирни изборите!

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk