Драма во Собранието која заврши со нова уште подлабока криза меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУ. Нервозата почна да расте од попладневните часови кога пратениците не знаеле дали и кога ќе се закаже седницата за гласање на Законот за Јавно Обвинителство, а ниту јавноста имаше точна информација од спикерот Талат Џафери.
Пред оваа седница, пратеникот Александар Кирацовски, напиша фејсбук статус каде го повика Џафери да ја свикува и другата нова седница, за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашел Мизрахи, по барање на премиерот Оливер Спасовски.
Џафери од друга страна седницата ја закажа за во 21 часот, а истата почна со еден час задоцнување. Од отварање на седницата, спикерот Џафери покажа доза на нервозизам а испука откако му се доближи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој му покажа нешто од својот телефон.
По овој случај, Џафери реагираше на пост на Фејсбук од секретарот на СДСМ Љупчо Николовски, кој претходно напишал дека можат да обезбедат ново мнозинство и нова влада која ке ги организира редовните парламентарни избори.
„Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори”, напишал Николовски.
Претседателот Џафери по овој пост на Николовски, за утре повика на средба со лидерите на политичките партии на која тие ќе треба да се изјаснат дали се за избори на 12-ти и да формираат ново мнозинство. „Јас не сум политичар што комуницирам преку Фејсбук. Ми праќате наредби преку Фејсбук. Јасно е дека нема расположение да се продолжи со работа”, рече Џафери.
По овие зборови Џафери ја прекина седницата за Законот за Јавното Обвинителство и истата ја одложи седницата за во петок во 11 часот.
А. Зеќири