ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Драма во Собранието, криза во коалицијата. Џафери ја одложи седницата за ЈО

Драма во Собранието која заврши со нова уште подлабока криза меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУ. Нервозата почна да расте од попладневните часови кога пратениците не знаеле дали и кога ќе се закаже седницата за гласање на Законот за Јавно Обвинителство, а ниту јавноста имаше точна информација од спикерот Талат Џафери

February 13, 2020 23:16
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Фото: Арбен Зеќири

Фото: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Драма во Собранието која заврши со нова уште подлабока криза меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУ. Нервозата почна да расте од попладневните часови кога пратениците не знаеле дали и кога ќе се закаже седницата за гласање на Законот за Јавно Обвинителство, а ниту јавноста имаше точна информација од спикерот Талат Џафери.

Пред оваа седница, пратеникот Александар Кирацовски, напиша фејсбук статус каде го повика Џафери да ја свикува и другата нова седница, за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашел Мизрахи, по барање на премиерот Оливер Спасовски.

Џафери од друга страна седницата ја закажа за во 21 часот, а истата почна со еден час задоцнување. Од отварање на седницата, спикерот Џафери покажа доза на нервозизам а испука откако му се доближи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој му покажа нешто од својот телефон.

По овој случај, Џафери реагираше на пост на Фејсбук од секретарот на СДСМ Љупчо Николовски, кој претходно напишал дека можат да обезбедат ново мнозинство и нова влада која ке ги организира редовните парламентарни избори.

„Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори”, напишал Николовски.

Претседателот Џафери по овој пост на Николовски, за утре повика на средба со лидерите на политичките партии на која тие ќе треба да се изјаснат дали се за избори на 12-ти и да формираат ново мнозинство. „Јас не сум политичар што комуницирам преку Фејсбук. Ми праќате наредби преку Фејсбук. Јасно е дека нема расположение да се продолжи со работа”, рече Џафери.

По овие зборови Џафери ја прекина седницата за Законот за Јавното Обвинителство и истата ја одложи седницата за во петок во 11 часот.

А. Зеќири

Next Post

Артан Груби со полноќна безрезервна поддршка од ДУИ за сите закони

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk