ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Груевска Илиевска ќе биде дел од судечкиот совет за организаторите на 27 април

Судот, како што денеска информира претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев, првото барање за изземање на судијата Туфекџиќ не било прифатено, но прифатено е второто барање во кое се посочува дека неговата ќерка Ивана била сослушана во својство на оштетена и поднела оштетно побарување.

February 13, 2020 15:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд Скопје го прифати второто барање на судијата Владимир Туфекџиќ за изземање од судењето за организиторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието и на негово место ја назначи судијката Дијана Груевска Илиевска, која ќе го води предметот заедно со претседателот на судечкиот совет Иле Трпков.

Судот, како што денеска информира претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев, првото барање за изземање на судијата Туфекџиќ не било прифатено, но прифатено е второто барање во кое се посочува дека неговата ќерка Ивана била сослушана во својство на оштетена и поднела оштетно побарување. Тој факт, посочи, првично не го знаевме, проверивме и добивме изјава од Обвинителството за организиран криминал и го усвоивме барањето за изземање.

-Во првиот случај барањето за изземање на судијата Туфекџиќ беше одбиено, меѓутоа се појавија други околности кои после соодветна проверка со Обвинителството за организиран криминал упатуваа дека новото барање за изземање е основано и е уважено. За нов член на судечкиот совет е назначена судијката Дијана Груевска Илиевска. Таа е определена врз основа на три критериуми – стажот на судијата, да биде судија кој има искуство во Одделението за организиран криминал и членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка, изјави Џолев.

Груевска Илиевска, како што рече, има 15-годишен стаж како судија, а и работела во Одделението за организиран криминал. Покрај тоа, беше и следен судија на внатрешниот распоред за доделување предмет согласно годишниот распоред на работа, како што го предвидува членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка.

Судењето за организаторите на настаните од 27 април треба да почне на 21 февруари годинава во 10 часот.

Next Post

Путин: При промена на Уставот не треба да се изгуби ништо

EVN

НАЈНОВО

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Дневен хороскоп со Анаис – 7 јануари 2026

January 7, 2026
Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk