ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерковски: Очекуваме да се распишат изборите

ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме првата седница и да ги донесеме потребните акти, изјави Деркоски

February 14, 2020 18:55
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) очекува да се распишат изборите за предвремените парламентарни избори најавени за 12 април. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во изјава за МИА, истакна дека тие се подготвени да ја одржат првата седница ако во недела се распушти Собранието.

– ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме првата седница и да ги донесеме потребните акти, изјави Деркоски.

Попладнево во ДИК се одржа јавната седница на која се разгледаа петте барањaта на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Во оваа прилика  ДИК одлучи дека тие како институција не се надлежни да одлучуваат за поединечни акти што не се однесуваат на правни финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите. На кратката дискусија за овие точки зборуваа и членовите на ДИК, Елизабета Постоловска и Јанаќе Витановски. Тие сметаат дека надлежностите на ДИК се утврдени со член 48 од Законот за влада, во кој тие изречно ја црпат нивната надлежност.

– Ние немаме надлежност да ја цениме законитоста на содржината на самите донесени акти од страна на министерот. Начинот на работа на секое министерство поединечно е уредено во посебни материјални закони за кое ДИК не е надлежно да постапува и носи одлуки. Согласно на наведеното сметам дека ова решение, не е и не може да биде акт што се однесува на организација на изборите, рече Постоловска.

Според Витановски Државната изборна комисија нема надлежноста да ја цени законитоста и содржината на конкретните акти на регулирањето на посебните права и обврски, начинот на работењето на самите министерства поединечно и надлежностите на министерот и на заменик министерот, државниот секретар.

Апелира до сите министери, дополнителни заменици министери, заменици министри, да го почитуваат Законот за влада и да не праќаат беспредметни барања до ДИК.

Next Post

Кога лошите глумци се и лоши политичари...

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија

November 17, 2025
Скриншот

Трамп купи обврзници од најмалку 82 милиони долари, вклучувајќи и сектори што ги поддржува неговата администрација

November 17, 2025

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk