ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: На политиката на проширување на ЕУ и треба добар мотор – како тие што ги произведува организаторот на овој панел

Димитров се осврна и на новиот документ од Европската комисија и некои од предностите кои методологијата ги носи за земјите на патот кон своето евроинтегрирање, истовремено потенцирајќи ја политичката волја на земјите-членки како еден од клучните елементи за заедничка успешна европска приказна.

February 14, 2020 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заслужената позитивна одлука за почеток на пристапни преговори ќе биде валидација за досегашните напори на Северна Македонија, но и истовремено потврда за кредибилноста на Европската Унија, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров во обраќањето на панелот „Градење општествена издржливост во европското соседство“ во рамки на Минхенската безбедносна конференција.

Димитров во своето излагање се осврна на потребата од инклузивност на „европската политика на издржливост“ во регионот што е несомнено дел од Европа и кој за своето европеизирање во сите сегменти, со акцент на владеење на правото, борбата против корупцијата економската конвергенција, оправдано очекува поголема инволвираност на ЕУ политиките.

– Не постои друг начин Европа да ја задржи својата лидерска улога во регионот и да биде партнер на кого му се верува, освен преку интегрирањето на земјите кои не само што се веќе географски и културолошки дел од неа, туку и курсот на своето политичко дејствување го усмеруваат кон европскиот модел, рече министерот.

Димитров се осврна и на новиот документ од Европската комисија и некои од предностите кои методологијата ги носи за земјите на патот кон своето евроинтегрирање, истовремено потенцирајќи ја политичката волја на земјите-членки како еден од клучните елементи за заедничка успешна европска приказна.

– Механизмот за реверзибилност на процесот не треба да ги плаши граѓаните, напротив, тие треба да се чувствуваат посигурно во однос на својата европска иднина знаејќи дека политичките предводници на процесот немаат повеќе простор за грешки. Гласно ќе бидат прозвани оние кои го уназадуваат општеството, но и ќе се даде признание на оние кои вложиле во европското реформирање на земјата, истакна тој.

Како што соопшти МНР, заедно со останатите панелисти – Маргаритис Схинас, потпретседател на ЕК задолжен за портфолиото Промоција на европскиот начин на живот, премиерот на Косово Албин Курти и Александра Томаниќ, извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан, дискутираа за најзначајните аспекти од европските политики и нивното (не)присуство во земјите од Западниот Балкан.

Димитров ќе биде дел и од тркалезната маса насловена „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“ што се одржува попладнево, а на маргините на Конференцијата ќе оствари билатерални средби со Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација, со грчкиот МНР Никос Дендиас, како и со МНР на Малта, Бартоло Еварист.

Првиот ден од учеството на Минхенската безбедносна конференција се заокружува со работна вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум – Борге Бренде, каде почесен гостин ќе биде американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Next Post

Му рекле дека ќерка му направила сообраќајка, за да го прикријат случајот му побарале пари

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk