ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Нема судир на интереси за Дескоска да биде член на Венецијанската комисија

ДКСК ја отфрли претставката како неоснована, а не е утврден прекршок ниту во начинот на предлагање на Дескоска како претставник на Северна Македонија во Венецијанската комисија.

February 14, 2020 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По анализа на целокупната документација, Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека нема судир на интереси во предлогот на Владата, министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија.

„Според статутот на Венецијанската комисија, таа е составена од независни експерти, но она што е најважно во статутот е предвидено дека членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата од каде доаѓаат и тие воопшто не учествуваат во расправата и гласањето поврзано со земјите кои ги претставуваат. На ваков начин сметаме дека Венецијанската комисија сама се има заштитено од судир на интереси”, посочи претседателката на комисијата за спречување корупција Билјана Ивановска.

ДКСК ја отфрли претставката како неоснована, а не е утврден прекршок ниту во начинот на предлагање на Дескоска како претставник на Северна Македонија во Венецијанската комисија.

Овој предмет ДКСК го отвори по допрен глас од медиумите, но и по претставка поднесена од политичка партија.

Министерката за правда Рената Дескоска, кон крајот на минатиот месец, преку Фејсбук објави дека Венецијанската комисија ја прифатила нејзината номинација за член на ова тело.

– Тоа е потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата, напиша Дескоска.

Дескоска е прва членка на Венецијанската од Македонија од позиција министер за правда. За членови на Комисијата досега се предлагаа експерти од правната област. Пред Дескоска, член на венецијанската комисија беше професорката од Правниот факултет Тања Каракамишева.

Б.Б.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk