ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Со законот на ЈО нема скриена амнестија, нема спас за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Порачуваат дека СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата, дека законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.

February 14, 2020 15:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се исплашени од Законот за ЈО, нема спас за криминалците во нивните редови, порачуваат од владејачката партија.

– Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи. Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара се додава во партиското сооптение.

Порачуваат дека СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата, дека законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.

-И токму овој закон е гаранција дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази. Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава. На 12 април доаѓа уште еден казна од граѓаните за извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – режим никогаш повеќе!, се додава во соопштението.

За законот за ЈО денеска се расправа во Собранието, каде се води жестока дебата. Околу овој закон од вчера интензивно се водеа преговори на партиско ниво, се кршеа копјата, а се заговараше дури и ново парламентарно мнозинство, како и можност да се одложат изборите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски инсинуираше и дека ако не се одржат предвремоени парлментарни избори на 12 април, ќе влеземе повторно во политичка криза.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Next Post

Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk