ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се исплашени од Законот за ЈО, нема спас за криминалците во нивните редови, порачуваат од владејачката партија.
– Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи. Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара се додава во партиското сооптение.
Порачуваат дека СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата, дека законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.
-И токму овој закон е гаранција дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази. Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава. На 12 април доаѓа уште еден казна од граѓаните за извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – режим никогаш повеќе!, се додава во соопштението.
За законот за ЈО денеска се расправа во Собранието, каде се води жестока дебата. Околу овој закон од вчера интензивно се водеа преговори на партиско ниво, се кршеа копјата, а се заговараше дури и ново парламентарно мнозинство, како и можност да се одложат изборите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски инсинуираше и дека ако не се одржат предвремоени парлментарни избори на 12 април, ќе влеземе повторно во политичка криза.
Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.