ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тимоние за Макфакс: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

– Надвор од прашањата поврзани со усвојувањето, но и со комплицираните преговори за усвојување на законот, мислам дека не треба да го изгубиме од поглед тој хоризонт односно таа цел, бидејќи тоа е цел за вашиот влез еден ден во Европската Унија, кој зависи многу и од кредибилноста на судството но и од силната борба против корупцијата, вели Тимоние.

February 14, 2020 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние  вели дека е важно да се донесе Закон за јавно обвинителство, како и оти влезот на земјава во Европската Унија зависи многу и од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата.

– Пожелно е и важно е да биде донесен Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е барање уште одамна од Европската Унија и од државите членки, затоа што со тоа треба да се зајакнат но и затворат сите судски постапки кои беа отворени и отпочнати од Специјалното јавно обвинителство. Потребно е да се зајакне правната рамка, но исто така и да потсетиме на одредени принципи во однос на очекувањата на меѓународната заедница во поглед на оваа земја особено и во поглед на ЕУ, затоа што станува збор за повторно внесување на чувството за одговорност, но и за основање на судство што ќе биде ослободено од заробеноста на партиите, рече Тимоние во интервју за агенцијата „Макфакс“.

Францускиот амбасадор подвлече дека е потребно и да се воспостави рамка за борба против корупцијата, но и за сите појави кои се појавиле или кои се уште постојат во однос на мешањето на финансиските работи со политичките работи кои што, како што рече, го минираат економскиот развој и довербата на граѓаните во однос на судскиот систем.

– Надвор од прашањата поврзани со усвојувањето, но и со комплицираните преговори за усвојување на законот, мислам дека не треба да го изгубиме од поглед тој хоризонт односно таа цел, бидејќи тоа е цел за вашиот влез еден ден во Европската Унија, кој зависи многу и од кредибилноста на судството но и од силната борба против корупцијата, вели Тимоние.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

– Новата методологија што ја предложи Комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската Влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока, вели Тимоние.

Амбасадорот истакна оти е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки. – Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот, рече во интервју за „Макфакс“ амбасадорот Тимоние.

Next Post

Димитров: На политиката на проширување на ЕУ и треба добар мотор – како тие што ги произведува организаторот на овој панел

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk