ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(Видео) Заев за Ал Џезеира: Не смееме да дозволиме враќање на национализмот

„Се надевам дека мојата земја, но и целиот регион ќе направи чекор напред, затоа што сметам дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ“, истакна Заев.

February 14, 2020 09:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата земја нема друга алтернатива освен градење на европска иднина, враќање на национализмот не смееме да дозволиме, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизиското гостување на Телевизијата Ал Џезеира.

„Се надевам дека мојата земја, но и целиот регион ќе направи чекор напред, затоа што сметам дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ“, истакна Заев.

Како држава поминавме низ еден тежок период, период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на  Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира  Балканс.

Тој посочи дека денес во Северна Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството. Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани .-истакна Заев.

Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во Северна Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија , јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство , главен уредник на националната телевизија и техничка влада.-посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни. Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процес – истакна Заев.

Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Верувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство. Заев посочи  дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите.

Северна Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме Срби, Македонци, Бошњаци и друго, важен е концептот кој што го поставивме, а тоа е „едно општество за сите граѓани -истакна Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

пасоѓ

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот

July 23, 2025

Низ Газа се шири масовен глад, предупредуваат хуманитарните агенции

July 23, 2025

Во петок и сабота температури до 43 степени

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk