ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски во Минхен: Добрососедските односи еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот

Говорејќи за добрососедските односи и соработка како еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се осврна на позитивните примери на Северна Македонија, односно Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија.

February 15, 2020 10:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на посетата на Сојузна Република Германија и учеството на 56. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер говореше на тркалезната маса „Балкански дијалози“.

Говорејќи за добрососедските односи и соработка како еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се осврна на позитивните примери на Северна Македонија, односно  Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија.

Нагласувајќи дека членството во НАТО како стратешка политичка и безбедносна цел за Северна Македонија, позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката и брзината на ратификувањето на Протоколот за пристапување во сите земји-членки. Во таа насока, претседателот истакна и дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за нашето членство во Алијансата се очекува да заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Осврнувајќи се на аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски оцени дека намерата на ЕУ да игра поголема геополитичка улога во регионот е целосно прифатлива за нас. Додаде дека на нашата држава и на регионот не им е потребен само пристап до заедничкиот европски пазар, туку и прифаќање на европските демократски вредности кои во голема мера ќе ги забрзаат реформските процеси и градењето стабилни и отчетни институции.

Поздравувајќи го објавувањето на новата методологија за водење на пристапните преговори изрази очекување дека со усвојувањето на истата, ќе бидат создадени услови за доделување датум за почеток на пристапните преговори на претстојниот состанок на Европскиот совет во март 2020 година.

Меѓу останатото, претседателот Пендаровски се осврна и на економската соработка на државите од Западен Балкан и притоа ја истакна важноста на регионалните иницијативи, подвлекувајќи дека тоа во никој случај не претставува алтернатива за Европската Унија, туку дека ваквите иницијативи треба да се одвиваат паралелно со интеграцијата во Унијата. Во овој контекст, претседателот Пендаровски го повтори ставот дека сите земји од Западниот Балкан  треба да ги препознаат предностите на регионалната соработка и час поскоро да станат дел од постоечките иницијативи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Собранието ги изгласа и измените во Изборниот законик

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk