пишува: РИБАРО
На Македонско-Африканскиот граничен премин Баба Рада – Шака Зулу, според пограничните дописници од АХА. има невиден метеж, турканици и владее општ хаос. Колони од луѓе од Етиопија се силно одлучни да влезат во нашата библиската татковина
Мора да се признае дека за ова уште вчера предупреди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков, кој како што може да се виде во снимката рече дека се очекува бран од точно милион мигранти да пристигнат и се удомат во Македонија.
Трајчо додава дека колку што има сега милион, уште еден милион ќе пристигнат, а тоа било проект на СДСМ.
Трајчо вели дека не е смешно.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK