ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анкета на „Агенција Рејтинг“: Мнозинството граѓани сметаат дека Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

На прашањето „Како ја оценувате работата на техничките министери на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада?“, 35 % одговориле „позитивно“, а дури 45 % „негативно“. 

February 17, 2020 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновото испитување на јавното мислење на Агенција Рејтинг, направено во рамките на сопствените редовни активности за следење на промените во изборното расположение на граѓаните, Агенцијата преку куса анкета се обиде да дознае како јавноста ги перцепира можните кандидати за премиер на идната Влада.

Анкетата беше спроведена на примерок од 1080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.

Првото прашање во анкетата гласеше: „Кој е според Вас најважниот проблем со кој моментално се соочува Република Северна Македонија?“. Од одговорите на граѓаните стана јасно дека како три најважни проблеми се издвојуваат ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. На четврто место следат високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.

Прашање 1. Кој е според Вас најважниот проблем со кој моментално се соочува земјата?

Граѓаните потоа одговараа на прашањето: „Дали Влада предводена од СДСМ или Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може подобро да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува земјата?“

На ова прашање 30% од испитаниците одговориле дека со тој проблем подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а 26% рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање 2. „Дали би рекле дека Влада предводена од СДСМ или Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, може подобро да се справи со овој проблем кој го наведовте?“

На прашањето: „Кој потег, активност или мерка превземена од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години го сметате за најпозитивен?“, предничат покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

Прашање 3. „Кој потег, активност или мерка превземени од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години го сметате за најпозитивен?“

Ако се има предвид дека Владата предводена од СДСМ во последните две и пол години интензивно работеше на решавање на спорот за името и на конечно деблокирање на процесите за евроатланското интегрирање на Македонија и дека земјата е веќе пред полноправно членство во НАТО и пред добивање датум за започнување на преговори за членство во ЕУ, овие одговори на граѓаните се сосема очекувани.

Покачувањето на платите, но и зголемувањето на социјалната помош, според оваа анкета станува се повидливо за граѓаните, како резултат од работењето на владата на СДСМ.

Во следниот сет на прашања ја меревме перцепцијата на граѓаните за тоа дали Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава.

Прашање 4. „Дали по ваше мислење Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицковски по изборите може да се обезбеди побрз напредок во следниве области од животот “

Како што може да се забележи од резултатите, граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4% повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството. Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност. Она што треба да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок, односно дури 44% од анкетираните се изјасниле вака.

Мнозинството граѓани, според ова испитување на јавното мислење, сметаат и дека Зоран Заев би бил подобар премиер од Христијан Мицкоски. На прашањето: „Дали според Вас подобар иден премиер на државата би бил Зоран Заев или Христијан Мицкоски„ 32% од анкетираните рекле дека тоа би бил Заев, додека 27% рекле дека тоа би бил Христијан Мицкоски.

Прашање 5. „Дали според Вас подобар иден премиер на државата би бил Зоран Заев или Христијан Мицкоски?„

Мнозинството граѓани негативно ја оценуваат работата на техничките министри кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ во Владата. На прашањето: „Како ја оценувате работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата?“ високи 44% рекле дека нивната работа ја оценуваат негативно, додека 35% рекле дека ја оценуваат позитивно. Еден од пет испитаника не знае или нема мислење за работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање 6. „Како ја оценувате работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата?“

На прашањето „Како ја оценувате работата на техничките министери на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада?“, 35 % одговориле „позитивно“, а дури 45 % „негативно“.

 

Next Post

Ќе го продолжам чекорењето за правда и денеска

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk