ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денеска се чекори за правдата, утре којзнае…

Со национализам, лажни вести, говор на омраза и црна пропаганда не се оди во ЕУ, со што се повторува потребата од чистка во ВМРО-ДПМНЕ од дното до врвот. Или обратно.

February 17, 2020 16:05
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Дали некогаш ќе се задоволи правдата? Во било која смисла на зборот. И дали тоа ќе биде во интерес на граѓаните? Секогаш поставувано прашање, дел од сечија политичка реклама и кампања, но никогаш без поделба на истите тие граѓани по партиска или било која основа. Ако една демократска држава се потпира меѓу другото и на столбот на правдата, како во сопствената декларација ќе го прикачи праведното општество?

Правда за сите против криминал и корупција, за почеток.

Во нашето македонско општество, таа правда беше условена најмногу со нов Закон за Јавно обвинителство што се појави како последица и на пропаѓањето на Специјалното јавно обвинителство и неговата поврзаност со случајот „Рекет“.

Иако потреба од законот се јави поради други фактори кои беа последица од „сваровски“ судството и начинот на работа на самото Јавно обвинителство под палката на претходниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, сепак со појавата „Рекет“ копјата се извадија, атмосферата се вжешти, а закажувањето на предвремените парламентарни избори ја извадија сета политичка (не)култура на виделина сосе криминалите и коруптивните примеси.

И се разбира, во име на долгоочекуваната правда, според правилата на игра во нашето демократско општество се изгласа во „5 до 12“.

Честитки за Собранието, ако има за што да им се честита.

Но, честитки и за трпеливоста, колку на владејачката структура, уште повеќе на граѓанките и граѓаните што добија Закон со кој ќе ја задоволуваат правдата.

На ред се судството, правосудството, обвинителство… на ред е  државата.

И во тој манир, во пресрет на предвремените парламентарни избори, вечерва ќе се чекори за правда.

Ако повикот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го анализираме низ призма на моменталните политички и општествени потреби, ќе ја прочитаме јасната порака дека веќе нема компромиси кога станува збор за правдата.

Одговорност, казнивост и професионална, сериозна работа во борбата против корупцијата и криминалот. Нема оправдувања, нема политички/партиски размени, нема скриена амнестија, нема купопродажби со правдата. Една е. Таа е. И за сите е.

Нормално, повикот на Заев е во насока на реформи, ЕУ интеграции, успешни изборни процеси, Едно општество за сите и се разбира, она од што не може да се избега: потенцирање на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски. Во овој контекст оправдано со оглед на сите опструкции и блокади до последен момент што ги направи партијата за да си го спаси криминалното членство.

Со национализам, лажни вести, говор на омраза и црна пропаганда не се оди во ЕУ, со што се повторува потребата од чистка во ВМРО-ДПМНЕ од дното до врвот. Или обратно.

„Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!“, истакна Заев на крајот на прес-конференцијата.

„ЕУ мора да мора да го види и препознае овој нов балкански потенцијал“, а во судот „ треба да ги видиме конечните правни разрешници“, вели Заев.

Мора и треба. И толку. Ако ова не се сфати сериозно во продолжување на реформите во правосудство, ЕУ ќе остане далечен сон. А тоа на никого не одговара.

Заев, јасно посочи дека Законот гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите и оние на СЈО и сите останати што се кријат по фиоки и оние што допрва ќе се отвора.

„Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност“, вели Заев.

Допрва ќе се види и за одговорноста и за казнивоста. Ама судот, обвинителството и сите правни органи нека му ја мислат – тоа е пораката што се провлекува низ повикот на Заев. Денеска ќе се чекори за правдата. Утре, којзнае…

 

Next Post

Спасовски во Брисел на средба со лидерите од Западен Балкан и еврокомесарот Вархеји

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk