ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Извршителот Мицкоски не успеа да го спаси неговиот шеф Груевски

Не успеа намерата на ВМРО ДПМНЕ да ја загрози правдата и европската иднина на државата. ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски остануваат изолирани во одбраната на криминалот, изолирани во дејствувањето против ЕУ и НАТО

February 17, 2020 16:26
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес-конференција рече дека Законот за ЈО гарантира независен правосуден систем, но и одговорност и казнивост за сите што прекршиле закон. Костадинов истакна дека граѓаните со право се незадоволни од состојбите во судството, но дека и во СДСМ се незадоволни од испорачаното во делот на правдата и потенцира дека со Законот за Јавно обвинителство се гарантира судски епилог на сите започнати судски процеси, но и случаи отворени од СЈО, кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентна постапка.

„СДСМ продолжува со заложбата за неселективна правда и правна држава. Основата ја поставија мнозинството пратеници преку изгласаниот Закон за јавно обвинителство.

Законот гарантира независен правосуден систем, но и одговорност и казнивост за сите што прекршиле закон. Тоа е една од основите за напредок на државата кон Европската Унија.

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната намера да го амнестираат партискиот криминал пропадна.

Не успеа обидот на извршителот Христијан Мицкоски да го спаси од одговорност неговиот шеф Никола Груевски.

Граѓаните со право се незадоволни од состојбите во судството, но и ние во СДСМ сме незадоволни од испорачаното во делот на правдата

Но, уште еднаш ги уверувме нашите граѓани дека со Законот за јавно обвинителство се гарантира судски епилог на сите започнати судски процеси, но и случаи отворени од СЈО, кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентна постапка.

Зад ова законско решение застанаа и нашите партнери од САД и Европската унија, за што им сме благодарни за поддршката, благодарни за тоа што го препознаа напредокот.

Законот гарантира независни институции. После три децении, политичарите, конечно нема да избираат обвинители, ниту пак да одлучуваат за предмети.

Независноста ќе гарантира професионалност, објективност и неутралност во одлучувањето.

Му овозможуваме на обвинителскиот систем да може да работи растоварен од политички влијанија. Сега тие се на ред, да преземат одговорност.

Не успеа намерата на ВМРО ДПМНЕ да ја загрози правдата и европската иднина на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски остануваат изолирани во одбраната на криминалот, изолирани во дејствувањето против ЕУ и НАТО.

СДСМ, согласно стратешките определби за независно судство и демократско владеење,  нема да дозволи било кој, а најмалку Мицкоски да си поигрува со европската иднина.

На сите им е јасно – Ние не застануваме тука, продолжуваме по патот кон Европа. Тие еден чекор назад, ние три чекори напред!“ рече Костадинов

Next Post

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk