ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мираковска: Донесовме еден важен и значаен закон за нашата иднина, закон кои многу ќе помогне за да стигнеме до правда

Нѝ беше важно да го донесеме ЗЈО, но тоа да го направиме со консензус, ако се движите кон НАТО и ЕУ вие сакате клучните закони кои се важни за сите, да ги донесете со консензус. Но не успеавме ВМРО-ДПМНЕ немаше намера да се вклучи во процесот. За нив беше важно да се заштити криминалот и нивната врхушка која преку луѓето кои се во Парламентот не сакаше да дозволи да дојдеме до решение кое ќе биде заедничко за сите. Но ова беше важно. 

February 17, 2020 21:30
in ПОЛИТИКА, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на Соња Мираковска, пратеничка од НСДП и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ:

„Чекориме за правда затоа што борбата за правда се уште не е завршена. Правдата не е ниту поезија ниту парола. Правдата е храброст, чесни луѓе, ефикасност но правдата пред се е систем. Што правевме овие години, го поправавме системот за да навистина се дојде до правда, тоа беше нашата работа во Собранието и тоа го заокруживме со вчерашниот ден со ЗЈО и со законот за совет на Јавни обвинители.

 Морам да кажам дека овој систем кој досега владееше има фалинки и празнини кои беа користени силно против граѓаните. Законот за новата кривична постапка беше донесен далечната 2010 година, повеќе од 7 години имаме правосуден систем каде Јавното обвинителство не може да си ја изврши комплетно својата функција, тоа беше нашата заложба за да може да се доведе во ред, за да одговори на предизвиците. Но што се случуваше од 2013 до 2016 година, силно се газени човековите права, многу монтирани случаи, пресудени граѓани без докази.

Нѝ беше важно да го донесеме ЗЈО, но тоа да го направиме со консензус, ако се движите кон НАТО и ЕУ вие сакате клучните закони кои се важни за сите, да ги донесете со консензус. Но не успеавме ВМРО-ДПМНЕ немаше намера да се вклучи во процесот. За нив беше важно да се заштити криминалот и нивната врхушка која преку луѓето кои се во Парламентот не сакаше да дозволи да дојдеме до решение кое ќе биде заедничко за сите. Но ова беше важно. 

 И на крај не добивме услов за влез во ЕУ, но добивме опомена дека исклучително е важно за да може да функционира системот, да го донесеме законот за јавно обвинителство, а зошто не сакаше ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што сакаа сите предмети на СЈО да бидат уништени. Но тоа не се случи во новиот ЗЈО и никој да не се сомнева. Во ЗЈО нема амнестија и предметите од СЈО се заштитени и ќе се процесираат до крај.

Горди сме сите што вчера во Парламентот го изгласавмеЗаконот за јавно обвинителство, можеме слободно да кажеме дека успеавме последниот ден од нашето престојување во Собранието. Тоа беше мачен и тежок ден.

Јас сакам да им се заблагодарам на сите колеги кои беа храбри и мудри, кои помогнаа оваа одлука да ја донесеме. Донесовме еден важен и значаен закон за нашата иднина, закон кои многу ќе помогне за да стигнеме до правда.

И од овде можам да пратам порака до ЕУ. Ние нашата задача ја завршивме и онаа последна опомена која ја имавме дека треба донесеме  законот за јавно обвинителство и тука, и сега вие сте на потег. Ние очекуваме Датум за почеток на преговори. Сметаме дека како држава сме спремни и тоа треба да го добиеме и таму е нашето место. 

Таму ќе стигнеме со реформирано судство. И затоа сега ќе се обратам на судовите и до сите учесници во правосудниот систем. Ние нашиот дел како законодавна и извршна власт го завршивме го поправивме системот во раце имате ЗЈО коишто им дава право на Јавните обвинители да носат самостојно одлуки нешто поразлично од она што беше досега. Досега секој повисок јавен обвинител можеше да го преземе предметот, сега може само да дава насоки а предметот останува, и тоа е голема придобивка. Начините како ќе се избираат и како ќе се разрешуваат јавните обвинители е различен, за да не работат под притисок во иднина.

Сега се судовите на ред треба да се прочистат, да се извадат предметите од фиоки и треба да се казнат оние кои чуваа предметите, затоа што правдата мора да дојде и правда мора да има за сите. Затоа никој да не се чуди зошто уште чекориме за правда. Вие сте на потег“.

 

Next Post

Извештајот на ЕК од 2 до 4 март

НАЈНОВО

Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

ДИК утре ги објавува конечните резултати од првиот круг

October 27, 2025
Фото: Ви

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk