ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обнова на режим или опстојување на овој Евро пат

Од позиција на опозиција, ВМРО-ДПМНЕ одеа на ѓон на сѐ. На секоја иницијатива што на земјава ѝ отвораше перспектива и ѝ навестуваше напредок. На сѐ - контра, На сѐ со не. Не за законите за Советот и за Обвинителство, не за законите за Одбрана и за Медиуми, пред тоа не за Преспанскиот, па потоа не за Уставот. Не до не. Притоа, никаков поинаков предлог, никакво поинакво решение, никаква понуда за деблокирање на интеграциите. Од тоа ништо. Сиот нивен инает во насока само бомбите повеќе да не важеле. Да се уништат доказите за нивните и за неделата на сопартијците.

February 17, 2020 15:41
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ/ЦИВИЛ

Што си сеел тоа ќе си жнееш или кој на друг му копа дупка самиот паѓа во неа, или лошото со лошо се враќа или… Безброј народни мудрости, но никој не ги есапи додека е со моќ. Па сега плачење. Се утепаа лелекајќи од вчера веќе поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив, впечатливи ликови креатори на режим. На институционално и на физичко насилие. На злоупотреби на функции, на кршење на процедури, на исфрлање пратеници, на крвави настани. Насилие од позиција на власт. Од позиција на моќ. Од позиција на злоупотреба на алатките на државата во партиска или во лична корист. Направија таков собраниски амбиент и сега, о леле, им се враќа.

Творците на авторитарните собраниски постапки, политичарите пратеници со тоталитарни манири, со право или не, во моментов е беспредметно, се утепаа плачејќи за кршење на процедури, за институционално насилие, за деловнички шмеќрлуци. Можеби, или еве попрецизно, веројатно за по нешто и се во право. Времето, анализите и на вчерашните собраниски случувања ќе треба тоа да го потврдат или да го демантираат. Но остануваат две непобитни работи во врска со дел од пратениците на ДПМНЕ на до вчера актуелниот собраниски состав.

Прво, таму меѓу нив има ликови кои и според нивно директно сведочење крадеа гласови, фалсификуваа избори, отвораа вреќи со гласачки ливчиња, бесправно штанцаа лични карти за изборни гласови, влечеа цигани за уши, фрлаа нелојални во ендек, исклучуваа лифтови, уценуваа бизнисмени и цели семејства. Списокот од делата на десетгодишниот режим и на неговите актери нема крај.

И, второ, од позиција на опозиција одеа на ѓон на сѐ. На секоја иницијатива што на земјава ѝ отвораше перспектива и ѝ навестуваше напредок. На сѐ – контра, На сѐ со не. Не за законите за Советот и за Обвинителство, не за законите за Одбрана и за Медиуми, пред тоа не за Преспанскиот, па потоа не за Уставот. Не до не. Притоа, никаков поинаков предлог, никакво поинакво решение, никаква понуда за деблокирање на интеграциите. Од тоа ништо. Сиот нивен инает во насока само бомбите повеќе да не важеле. Да се уништат доказите за нивните и за неделата на сопартијците.

Не дека и овие од СДСМ не правеа шмеќрлоци. И не дека, како и кај претходните, и меѓу нив нема вагабонти и неранимајковци. Не дека кај нив нема користољубиви клиентелисти и неспособни кариеристи. Има, има. И таму ги има и тоа побаеги. Посебно што си зададоа задача, а не си ја исполнија. Што си добија метла и што не подзаметоа, што кадровски не си подрасчистија таму во својот двор.

Но, потврдуваат и последните извештаи на Европската комисија, има разлики. Многу големи и многу евидентни. За само три години со сите премрежија и компромиси, режимот е поразен и ментално и физички и општеството е демократизирано, Македонија е слободна и интеграциски деблокирана земја. Држава во НАТО и на прагот на почеток на преговорите со Унијата.

Сега е сѐ на граѓаните. Тие во април ќе решат дали ќе обноват режим или ќе опстојат на овој евро пат.

Next Post

Со Законот за ЈО, оживуваат и предметите во истрага на СЈО

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk