ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правдољубивите граѓани попладнево ќе чекорат за правда

Марш под мотото „Чекориме за правда“ ќе се одржи вечерва во 18 часот, и тоа од Собранието до комплексот судови, за да се покаже дека ќе има одговорност за сите кои го прекршиле законот, а тоа се овозможи со донесувањето на Законот за јавно обвинителство, за кој беше потребно двотретинско мнозинство.

February 17, 2020 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска во 18 часот ќе одржи марш под мотото „Чекориме за правда“. Рутата ќе се движи од Собранието до судовите.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделата, ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на маршот.

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници“, повика Заев.

Заедно ќе продолжиме напред, додаде тој, со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. „За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ“, рече Заев.

Денеска и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски ги повика сите правдољуби граѓани да им се приклучат на маршот за правда.

– Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева. Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство. Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот – порача Николовски.

Тој им честита на пратениците кои го поддржаа овој Закон и смета дека огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.

– Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија! Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја. Правда ќе има, правдата доаѓа – порача Николовски.

– Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“ – додаде тој.

„Чекориме за правда“ се организира откако пратениците пред распуштањето на Собранието поради предвремените парламнетарни избори што треба да се одржи на 12 април го изгласаа Законот за јавно обвинителство, кој иако не е услов за почеток на преговори со Европската Унија, сепак  високите европски претставници се споменуваше како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Поддржувачите на законот тврдат дека во него нема скриена амнестија за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.

Граѓанка која планира да чекори на овој марш вели: „Ќе чекорам за да ги видиме протагонистите од бомбите таму каде што им е местото“. Друг граѓанин истакнува: „Ќе чекорам во марш повикан од една политичка партија за да им покажам на сите политички партии дека граѓани можат да собираат само кога маршираат и работат за правда и владеење на правото, а не за фашистички собири каде се плука по правдата и се штити криминалот.“

Б. Богдановска

Next Post

Обнова на режим или опстојување на овој Евро пат

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk