ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Сакаме да видиме пресврт во судството – власта не смее да биде правосудство и таа што ќе носи одлуки

Она што го добивме како јасна порака – Франција очекува и сака да даде поддршка за нашиот почеток на преговори. Тоа беше позитивна порака која министерката директно ни ја кажа, а потоа Макрон ја повтори на Минхенската средба.“, изјави министерката.

February 17, 2020 09:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Очекуваме до крајот на март да завршат сите надворешни и внатрешни подготовки на мисијата. Тоа значи дека добро сме ги планирале и чекорите. Трансформацијата на армијата не завршува со нашето членство во НАТО. Од моментот на полноправно членство до целосна интеграција НАТО алијансата ни дава неколку години да се прилагодиме“, изјави во Контрапункт на Утрински брифинг, Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.

Таа вели дека тоа прилагодување бара и пари и посветеност и многу прецизни планови, кои тие ги направиле.

„Покажавме дека се што предвидовме во нив го реализираме. Но во целиот овој процес имавме сериозна поддршка од нашите стратешки партнери, и од САД, особено во делот на човечки ресурси, на планирање политики, но исто така и од Обединетото Кралство. Сега новиот договор е договор на две членки на НАТО алијансата. Тоа значи дека ние ќе продолжиме да ги користиме советите на експерите од Обединетото Кралство, но сега тоа ќе биде соработка на повисоко ниво – на две членки кои што споделуваат вредности“, вели Шекеринска.

Околу средбата со француската министерка за одбрана, Шекеринска вели дека истата е подготвувана подолго време и е работено на зголемување на соработката, за да се засилат политичките врски политички врски со Франција.

„Уште од 2018 го подготвуваме учеството на двајца наши офицери во европската мисија во Централно-африканската република, под чадорот на Франција. Сметаме дека подобра одбранбена врска значи и подобра подобра политичка врска. Она што го добивме како јасна порака – Франција очекува и сака да даде поддршка за нашиот почеток на преговори. Тоа беше позитивна порака која министерката директно ни ја кажа, а потоа Макрон ја повтори на Минхенската средба.“, изјави министерката.

Таа вели дека е важно што вчера двата многу важни закони за нашето членство во ЕУ и НАТО, Собранието ги одобри со двотретинско мнозинство. Околу измените во Законот за одбрана, Шекеринска вели дека не и е јасно како еден дел од пратениците кои гласаа и „божем“ се радуваа за нашето членство во НАТО, сега кога требало да се каже освен членство и знаме ќе се добие и гаранцијата и заштитата од НАТО, потклекнале и ги немало никаде.

Околу денешниот најавен Марш за правда, Шекеринска смета дека правдата треба да ја донесат добри закони и добро правосудство. „Власта не смее да биде правосудство и таа што ќе носи одлуки. Ние вчера донесовме закон кој на ЈО му дава законски одредби и силна поддршка. Сега нема оправдување да се избегнува одлуката. Никој од нас не им кажува на судиите како и што да пресудат. Со маршот сакаме да кажеме дека народот не бара ништо повеќе од судовите и судиите, само да си ја вршат својата работа. Сакаме да видиме пресврт во судството“, вели Шекеринска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Брод со хуманитарна помош се приближува кон брегот на Газа

July 27, 2025

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент

July 27, 2025
Фото: МИА

Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk