Вооружени ограбувачи во Хонконг украдоа стотина ролни тоалетна хартија.
Во Хонконг нема тоалетна хартијка поради тоа што луѓето панично купуваат се по појавата на смртоносниот коронавирус.
Мажи вооружени со ножеви го ограбиле доставувачот пред супермаркет во областа Монг Кок. Полицијата уапси двајца и врати некои од украдените тоалетни.
Во продавниците нема тоалетна хартија, а кога ќе стигнат залихи се ствараат редици. Истото важи и за ориз, тестенини и средства за чистење. Маските за лице и средствата за дезинфекција на рацете речиси е нвозможно да се најдат.
Од коронавирусот до сега умреа повеќе од 1.700 луѓе.