ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Шекеринска: Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да не се донесе законот за одбрана, беа обиди и за манипулација за изборите

Сите за еден еден за сите. Нападот врз една членка е напад врз сите, членството во НАТО е успех, гордост, безбедност и суверенитет на нашата држава, припадност во екслузивниот клуб на најбогатите. Успех е да се биде меѓу 30 земји членки на НАТО. Денеска пред седиштето на НАТО се прави место за јарболот на нашето знаме, остануваат денови кога нашето знаме ќе се развиори помеѓу останатите 29 членки“, рече Шекеринска

February 17, 2020 15:02
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието пред да се распушти со 80 гласа „за“ го изгласа законот за одбрана и со овој закон преминуваме од индивидуална во колективна одбрана, односно влегуваме во чадорот на НАТО кој штити над 1 милјарда луѓе, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција.

„Сите за еден еден за сите. Нападот врз една членка е напад врз сите, членството во НАТО е успех, гордост, безбедност и суверенитет на нашата држава, припадност во екслузивниот клуб на најбогатите. Успех е да се биде меѓу 30 земји членки на НАТО. Денеска пред седиштето на НАТО се прави место за јарболот на нашето знаме, остануваат денови кога нашето знаме ќе се развиори помеѓу останатите 29 членки“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека разочарување вчера гледаше како опозицијата манипулираше со законот за одбрана и со последни сили со обиде да го саботира.

„Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да не се донесе законот за одбрана, беа обиди и за манипулација за изборите, дека наводно ќе се одолжат. Се покажа кој е за избори а кој манипулирал. Кој е за НАТО и ЕУ. На 12 април избори ќе има. Ќе победи вистината наспроти манипулацијата“, потенцираше Шекеринска.

Министерката за одбрана нагласи дека е апсолутна лага дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ не сакаа да гласаат за законот поради името Република Северна Македонија, затоа што една пратеничка сакаше физички да ја нападне пратеничката од независната група која им ја кажа вистината дека и пратеници на ВМРО ДПМНЕ гласаа за законот за служба на Република Северна Македонија. Таа додаде „кој започна мандат со насилство, со насилство сака и да го завршат мандатот“.

Шекеринска вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ играа дволично, бидејќи кога требаше да се гласа за ратификација за НАТО, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа оти знаеја дека и со нивните гласа и без нивните гласа повторно ќе беше ратификуван договорот. Но, сега кога законот зависеше и од гласовите на ВМРО ДПМНЕ тогаш дигнаа рачна и пробаа да добијат партиски поени, наспроти државните интереси.

Д. М./ЦИВИЛ

Next Post

Фестивал Мозаик- Домашните ѕвезди на петчасовен концерт во СЦ „Борис Трајковски“

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk