ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Извршителот Мицкоски падна на испитот, фатен како препишува од СДСМ

Костадинов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат идеја, немаат програма и дека се фокусирани само како да го одбранат криминалот на Груевски и дека проектите кои ги претставил Мицкоски на денешната прес-конференција веќе се во реализација и влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта

February 18, 2020 16:32
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес-конференција упати апел кон Мицкоски во кој вели дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја препишале и копирале програмата на СДСМ за инфраструктурата. Костадинов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат идеја, немаат програма и дека се фокусирани само како да го одбранат криминалот на Груевски и дека проектите кои ги претставил Мицкоски на денешната прес-конференција веќе се во реализација и влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта.

„Извршителу Мицкоски, кога ќе те фатат како препишуваш, се паѓа на испитот.

Мицкоски падна на испитот, може да се пријави за 4 години, ако се уште остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.

Денеска видовме како извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, ја препишува, ја копира програмата на СДСМ за инфраструктурата.

Нема идеја, нема програма, фокусиран на одбрана на криминалот на Груевски, извршителот Мицкоски копира од СДСМ.

Па згора на се на прес- конференција реди проекти кои веќе се во реализација, влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.

Граѓаните знаат, за 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ се изградија вкупно 10 километри автопат!

Јавноста многу добро памети дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот се трошеа на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.

Секој проект беше криминален, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме“.

На започнатиот дел од автопатот Миладиновци-Штип затекнавме бандери на сред пат, немаше предвидено клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци-Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.

Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.

За само 2,5 години изградивме 400 километри канализации и водоводи.

Со еден збор, ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.

Затоа следи одговорност за украдените пари и нов пораз од граѓаните на 12 април!

Режим никогаш повеќе!“ истакна Костадинов,

Next Post

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работни места донесени од министерот Чулев

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk