ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Само посебни граѓани ќе добијат обичен пасош!

Дефицитот ќе ги удри по џебот и по нервите и граѓаните што уплатиле туристички патувања, зашто пасоши нема, а барањата се зголемуваат со секој следен ден. Дневно во МВР пристигнуваат 700 барања за пасош, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“. До крајот на март пасош ќе може да добијат само избрани 4.000 граѓани, и тоа во редовна процедура.

February 18, 2020 08:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи вчера на итен состанок расправаше кои од петнаесетината илјади баратели треба попрво да добие пасош, зашто на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши, пишува „Слободен печат“.

Дали граѓаните со ургентни медицински потреби, луѓето со бизниси и работни обврски во странство, гастарбајтерите вратени во Македонија само за да ја обноват истечената патна исправа, професорите и експертите со закажани меѓународни конгреси и симпозиуми, или студентите што учат на светските факултети? Дефицитот ќе ги удри по џебот и по нервите и граѓаните што уплатиле туристички патувања, зашто пасоши нема, а барањата се зголемуваат со секој следен ден. Дневно во МВР пристигнуваат 700 барања за пасош, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“. До крајот на март пасош ќе може да добијат само избрани 4.000 граѓани, и тоа во редовна процедура.

Голем број револтирани граѓани, кои аплицирале за пасош по редовна постапка, разочарано ги напуштаат шалтерите во „пасошко“, откако службениците ги информираат дека патната исправа не им е изготвена. Дополнителен проблем е и тоа што, кога веќе еднаш граѓанинот ќе поднесе барање за пасош во редовна, тоа не може да се преиначи во „итна“ постапка.

„Пасошката криза“ настана поради тоа што снема обрасци за патната исправа навреме, а министерот Наќе Чулев и техничкиот премиер Оливер Спасовски (претходно министер во МВР) си ја префрлаат топката за тоа кој требало да ја направи нарачката. Наводно, Спасовски зел обврска да ѝ се јави на германската канцеларка Ангела Меркел за обрасците нарачани од германскиот добавувач „Веридос“ да дојдат барем 10 дена порано, односно на средината на март, објави порталот „Сакам да кажам“ повикувајќи се на изјава од техничкиот министер Наќе Чулев. Фирмата добавувач, „Веридос“ е 40 проценти во сопственост на германската држава. Според експертите, кризата со пасошите во Министерството за внатрешни работи е основа да се зголеми корупцијата во оваа институција.

Next Post

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

НАЈНОВО

Во Јадро изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“

October 27, 2025

ВЛЕН: Левица „сламката за спас“ на НАИ!

October 27, 2025
Генерирано со ВИ

Минхен влезе во трката за домаќин на Олимпијадата 2036 по успешен референдум

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk