„Ние сме отворени кон сите партии. Исклучена е можноста да се коалицира со ДУИ, но затоа за прв пат во политичката историја може да се случи да имаме коалиција на СДСМ со партии од албанскиот блок.
Ние оставаме простор за сите партии, но две имаат пројавено интерес, не е тајна дека и БЕСА, но и ДПА сакаат да се обидеме да коалицираме пред избори, откако прво ќе видиме дали можеме да ги приближиме изборните програми“- изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.