ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белчева: Жал ми е што административните бариери беа пречка за прифаќање на граѓанската иницијатива за „Треска“

Конкурсот како инструмент за натпревар на креативни идеи е можност да се докаже дека општината навистина ги штити јавните интереси. Бараниот Конкурс за Треска е крик на граѓаните дека просторот во кој живеат не е по нивна мерка, дека им недостасува некој да ги чуе и разбере и да им го врати спокојот и убавината во секојдневието. Затоа важноста на прифаќање да се решава конкурс за Треска требаше да биде доказ дека локалната власт го слуша овој крик

February 19, 2020 14:54
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По седницата за конкурс за Треска вчера, вудувањето на Јана Белчева, претседател на Советот на Општина Центар:

„Одговорот на прашањето „Во каков град сакаме да живееме и има ли шанса за Скопје„ треба да ја покаже насоката и целите кои сакаме да ги оствариме и да им ги понудиме како решение на граѓаните. Наследивме град врз кој се изживувале политички и бизнис елити, без љубов, а со алчност за сопствените интереси и богатење. Она за што се борев е да го вратиме достоинството на граѓаните, да го издигнеме јавниот интерес и правото на град на секој жител над интересите на поединци. Одлуките мора да се насочени кон таа цел, кон обезбедување побезбеден, похуман, поспокоен и поквалитетен живот во Центар.

Граѓанските иницијативи, особено ако зад нив стојат бројни самостојно граѓани, но и низа невладини организации кои се залагаат за правда, демократија, отвореност и отчетност на институциите се показател и за растењето на демократијата и за партиципативноста која граѓаните ја сакаат и бараат при управувањето на локално ниво. Тоа е показател на зреење на општеството во целост, а Центар го гледам како предвесник на такви зреења.

Вредностите на ЕУ во однос на локалните политики се темелат на соработка со граѓаните, на нивната вклученост и активна соработка, на доверба која се гради со отвореност и споделени вредности. Локалната власт е онаа најблиску до граѓаните и првиот „шалтер„ каде треба да се обрати за своите проблеми. Локалната власт е одговорна да ги штити јавните интересите за обезбедени комунални услуги, квалитетни социјални и образовни услуги, здрава животна средина и достапно зеленило, безбедна мобилност (особено за најранливите), достапен и квалитетен јавен простор за сите жители, културна понуда, инклузивен и масовен спорт, но и отпорност и безбедност од природни катастрофи и климатски промени.

Урбаното планирање е токму област во која локалната власт мора да докаже дека простор ќе ги обезбеди овие јавни интереси, а нема да дозволи личната корист и дивото узурпирање да надвладее и остави неквалитетни последици за сите. На крајот, планирањето на просторот е техничка, но и политичка функција. Низ неа се гледа дали социјалдемократските или неолибералните вредности се споделени низ одлуките за просторот.

Конкурсот како инструмент за натпревар на креативни идеи е можност да се докаже дека општината навистина ги штити јавните интереси. Бараниот Конкурс за Треска е крик на граѓаните дека просторот во кој живеат не е по нивна мерка, дека им недостасува некој да ги чуе и разбере и да им го врати спокојот и убавината во секојдневието. Затоа важноста на прифаќање да се решава конкурс за Треска требаше да биде доказ дека локалната власт го слуша овој крик.

Жал ми е што административните бариери беа пречка за прифаќање на граѓанската иницијатива, иако бариерите се поставени токму од власта и таа треба да ги отстранува за да ја охрабри соработката со граѓаните. Но најмногу жалам што градоначалникот смета дека има дискреционо право да одлучува за Комисија, за финансирање и за дефинирање на барањата. Неговите предлози за тоа како и кој ќе ги дефинира влезните параметри по кој ќе се работи конкурсот, барањата кои мора да бидат задоволени во решението, но уште повеќе како и преку која програма ќе се финансира конкурсот отвораат простор за задоволување на интересни групи, а на штета на јавниот интерес и граѓаните.

Моето залагање и не е за конкурс како легално/технички параван за да се изигра интересот на граѓаните за сметка на политичко-бизнис интересни спреги, како што беше случај впрочем и со Скопје 2014, проект кој “победи” на конкурс. Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните.
Дел од Советниците се натпреваруваа во гласност и се истакнуваа да се произнесат колку е важен приватниот интерес и правото на сопствениците, можеби и додворувајќи се на некои од инвеститорите присутни на седницата, најпрво во задните, а потоа во првиот ред, веднаш до градоначалникот. Тоа ми отвори сомнеж во чесните намери да се пристапи кон решавање на овој простор во градот и повторно да влеземе во игри каде формалниот конкурс би можел да се искористи како параван, а не да биде суштинска промена во планирањето на градот во партнерство со граѓаните, стручните лица и локалната власт, водени од иста цел.

Ненаоѓајќи компромис и желба за дијалог преку кој ќе се зајакне начинот на заштита на јавниот наспрема приватниот интерес, ми беше аргумент да ја напуштам седницата. Самиот назив Конкурс, не значи и квалитет, па ни одлуката ЗА конкурс не значи решение по мерка на граѓаните. Ги повикувам граѓаните на будност и барање транспарентност во целокупниот процес на реализација понатаму.“ напиша Јана Белчева.

Next Post

Вице Заев со писмо до јавноста: Семејството Заеви не е поврзано со „Рекет“

НАЈНОВО

Фото: Собрание

Средба на Гаши со претставници на ДИК: Повторувањето на изборната постапка во четирите општини ќе биде поизвесно по одлучувањето на ДИК по поднесените приговори

November 6, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте – Силувавте! Карпош го украдовте!

November 6, 2025
Фото: МИА

Милевски: Нашите фудбалери се феномени

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk