ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Многу е важно да добиеме одлука за преговори со ЕУ пред изборите

– Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.

February 19, 2020 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија има капацитет да организира  демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за ЕУОбсервер, предупредувајќи оти, сепак, очекува изборната кампања да биде една од „најавлакните“ досега.

– Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.

Сепак, нагласува, земјата има сили да се справи со тие закани и да организира слободни, фер и лигитимни избори.

Прашан  дали очекува руско мешање во кампањата и исходот од изборите, Спасовски вели дека сите земји во Европа и во регионот се соочија со хибридни закани во процесот на нивното пристапување во НАТО и ЕУ.

– Но, државните институции се доволно силни и подготвени да обезбедат изборите да се одржат во нормални околности, истакнува Спасовски.

Тој ја повика ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување на земјата пред априлските избори.

– Направивме се што беше побарано од нас и многу е важно да добиеме соодветна порака од ЕУ,  особено во март. Тајмингот е од огромна важност за нас со цел да се запре неизвесноста околу европската перспектива на Северна Македонија што може да се појави во земјата, но и во регионот, оценува Спасовски.

Замрзнувањето на проширувањето на ЕУ и недонесувањето одлука за старт на преговорите во октомври лани придонесе за враќање на националистичката реторика во Северна Македонија. Октомвриската одлука, според него, беше стратешка грешка и придонесе за големо разочарување меѓу обичните луѓе.

Претстојните избори, вели, ќе бидат соочување меѓу проевропските и националистичките сили во земјата.

-Имаме два спротивставени концепта – првиот нуди интеграција во ЕУ и НАТО просперитет, слобода, транспарентност, демократија,… наспроти концептот кој е против сето ова што го набројав, а е поддржан од сегашната опозиција, вели Спасовски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според него, не направила ништо за промена од времето  на „груевизмот“ и тој концепт се уште е длабоко вкоренет во партиските активности.

– Недонесувањето правилни одлуки во вистинско време само го стимулира „груевизмот“ и таквиот концепт на размислување меѓу луѓето бидејќи тие ја губат вербата во европската перспектива, предупредува Спасовски во интервјуто за ЕУОбсервер, во врска со очекувањата ЕУ наскоро да донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија.

Next Post

Ново рочиште за „Титаник 3” за изборни нерегуларности

НАЈНОВО

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk