ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Културата помеѓу уметност и естрада – дали се гради издржан систем на културни вредности?

Правевме и специјализирана конференција „Популарна култура – поглед одоздола“ и уште една за хип-хоп културата. Ги негуваме сите овие нови форми кои на некој начин прават дистинкција помеѓу уметност и естрада. Тие се дистинкција, но во новото потрошувачко време на моменти помеѓу нив гледаме замаглена граница. Прашањето е што и како се консумира и дали институциите кои се надлежни за инвестирање во културата и за нејзино промовирање навистина градат издржан систем на  културни вредности, рече Јакимовска-Тошиќ

February 20, 2020 15:21
in КУЛТУРА
проф. Маја Јакимовска Тошиќ

проф. Маја Јакимовска Тошиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Колку културата ја имаме во нејзиното основно и изворно поимање, колку таа го содржи она на кое сме навикнале да ја дефинираме како елитистички поим и колку новите процеси денес, како што се пазарната економија и новите медиуми што се појавуваат како фактор за нејзина промоција, всушност влијаат за видоизменување на културата.

Ова се теми опфатени во зборникот „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ кој денеска го промовираше Институтот за македонска литература. Трудовите во него се излагањата од учесниците на истоимениот научен собир што во ноември 2018 година го организираше Институтот по повод десет години од постоењето на Културолошките студии.

Професорката Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот и една од главните уредници на зборникот, за МИА изјави дека пред студентите на овие студии прават дистинкција помеѓу она што претставува елитно и она што е масовно и ги анализираат одликите и трендовите што го опфаќаат широкиот поим на популарна култура.

– Правевме и специјализирана конференција „Популарна култура – поглед одоздола“ и уште една за хип-хоп културата. Ги негуваме сите овие нови форми кои на некој начин прават дистинкција помеѓу уметност и естрада. Тие се дистинкција, но во новото потрошувачко време на моменти помеѓу нив гледаме замаглена граница. Прашањето е што и како се консумира и дали институциите кои се надлежни за инвестирање во културата и за нејзино промовирање навистина градат издржан систем на  културни вредности, рече Јакимовска-Тошиќ.

Масмедиумите, како што е телевизијата, се највлијателни во пласирањето пред публиката како консумент на културните продукти. Притоа, вели, би требало да има некаков филтер што треба да се прифаќа како вредност или стандард, а тој треба да постои и во политиката за финансирање.

– На пример во литературата: дали навистина се печати и публикува сè што е важно или што ќе се понуди? Некои македонски дела поминале издржана рецензија, не само од нашата средина, туку се излезени и на меѓународниот пазар и високо котираат. Но, од друга страна, соочени сме со хиперпродукција на книжевен план. Има нов бран, а тоа е легитимно зашто се залагаме да има продукција од млади автори, но едно дело мора да биде опфатено низ критичка призма. Секое дело вреди да биде оценето – дали како добро или како помалку добро, истакна Јакимовска-Тошиќ.

Автори на трудовите во зборникот „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ се научници од повеќе области – културолози, филолози, естетичари, историчари на уметноста, како и писатели и издавачи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk