ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкријељ: Градинка за 120 деца во Ресен, децата ни се врвен приоритет

Шкријељ и Гошаревски го посетиле и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Во моментов го користат осум лица, за кои е обезбеден превоз, престој и храна, како и помош за корисниците и семејствата.

February 20, 2020 18:04
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ресен добива градинка за 120 деца. Вкупната вредност на зафатот е 22,4 милиони денари, во кои Министерството за труд и социјална политика (МТСП) учествува со 20,8 милиони денари. Средствата се обезбедени со поддршка на Светска банка. Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски направија увид во адаптацијата на градинката, соопшти МТСП.

– Се грижиме за најмладите. Децата се нашата иднина. И во оваа градинка тие ќе учат и ќе го осознаваат светот, ќе се социјализираат и ќе се развиваат во љубопитни и истрајни личности. Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат и затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот. Обврска на институциите од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме, рече Шкријељ.

Владата и Министерството, како што се наведува во соопштението, континуирано работат на зголемување на опфатот на деца во предучилишните форми на воспитување и образование, затоа што раното учење игра клучна улога во развојот на децата и истовремено овозможува активирање на родителите на пазарот на труд.

– Со поддршка на Светска банка, до јуни 2024 година ќе се обезбедат 7.500 нови места во градинките. Само во две и полгодини се вложени повеќе од 180 милиони денари во подобрување на инфраструктурата во детската заштита. И преку програмата на Светска банка, обезбедени се 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Минатата година платите на стручниот кадар во градинките пораснаа за 26 проценти, се додава во соопштението.

Градоначалникот на Ресен Гошаревски изразил задоволство што и оваа градинка е во Програмата на Министерството.

Шкријељ и Гошаревски го посетиле и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Во моментов го користат осум лица, за кои е обезбеден превоз, престој и храна, како и помош за корисниците и семејствата.

– Социјалните сервиси, како што е овој дневен центар, треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство, и да бидат мост со другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите, нагласи Шкријељ.

За корисниците на Центарот се реализира воспитно-образовна работа преку прилагодени програмски содржини. 

Next Post

Почина 50-годишен маж, трета жртва од сезонскиот грип

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk