ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пак се закануваат со фасади, а Антонио пушти и „петарда“. Приберете си ги кучињата

Познавајќи ја нивната налудничава наклоност кон барокот и  лоповлукот, навистина не знам што е пострашно - тоа што сакаат да ни ги барокизираат домовите, или тоа дека си планираат да им се укаже уште една шанса начисто да нè испокрадат

February 23, 2020 12:24
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Откако супер енергетски ефикасно насадија „колонада“ од барокни зградурини покрај кејот, откако го суредија плоштадот како затка така да ни се смее цел нормален свет, откако ни закачија бетонски галии да собираат ѓубре и да спречуваат нормален проток на Вардар, сега тие истите вмровци ќе ни помагале да си обезбедиме енергетска обнова во домовите.

Па велат од палатата: Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата.

Познавајќи ја нивната налудничава наклоност кон барокот и  лоповлукот, навистина не знам што е пострашно – тоа што сакаат да ни ги барокизираат домовите, или тоа дека си планираат да им се укаже уште една шанса начисто „законски“ да нè испокрадат.

Ајваните ги „суредија“ фасадите во центарот на Скопје, па ни се намерчија нам и на нашите домови да ни ги докрајчат.

Македонијо обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого, велат со сиот ум од Белата палата која ја направија со испокрадени пари и проценти од сè за што се дофатија и за две години откако им ги скратија рачињата, „економите“ вмровски и направиле на партијата 8 милионски долг во евра. Големите вмровски  „домаќини“ не знаат да си ја менаџираат својата куќа, ќе ни ги менаџирале нашите?!

Туку, слушам оној Антонјо денес пак пуштил прислушуван разговор од Заев. Антонјо бе курка, ова ли е „бомбата“? Ајде тоа што нит се срамат нит се кријат дека сè уште нелегално прислушуваат, туку сечат како со секира, а лепат како со селотејп, грев да те фати.

Ако не сте ја слушнале „бомбата“ на Антонјо, приберете си ги кучињата, пак е петарда.

А ова е онаа вистинската бомба каде се слуша пазарџијата Милошости

Next Post

Од идниот викенд во Градскиот парк продавачи само со дозвола

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk