ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Притвореничка од Затворот Скопје ќе сведочи за убиството на Пино Секондо

Застапникот на обвинението, обвинителката  Лидија Раичевиќ, за следното рочиште како сведок ја предложи Блерта Поцеста, притвореничка од Затворот Скопје, која изврши ладнокрвно убиство на тројца членови на своето семејството во Дебар.

February 24, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше А.Г., која била деловен соработник на обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство. Таа  рече дека Фуркан и Ангела Ѓорѓиевска кога дошле во нејзиниот дом нормално се однесувале и оти изјавите дека извршиле убиство не ги земала за сериозни.

-Освен во декември, тие дојдоа на гости и во февруари или март. Темата за убиството не беше отворена. За Али Фуркан имам добро мислење. Секогаш помагал. Подетално не го знам. За Ангела имам мислење дека е затворен тип, некомуникативен. Не ја знам повеќе од година дена, изјави сведокот А.Г.

Обвинетатa Ангела Ѓорѓиевска, побара објаснување од сведокот А.Г. зошто при последното рочиште, додека излегувала од судница ја погледнала мајката на починатиот и ги кренала раменици, со мисла, како што рече, толку знаев, толку можев.

-Можеби така сум постапила махинално. Оваа е нешто ново за мене. Не се чуствувам добро што сум во суд за едно вакво убиство. Не сум имала контакт со мајката на убиениот. Со Али Фуркан, после февруари-март се имам видено уште еднаш на кратко во ТЦ „Мавровка“ на кафе и толку, изјави сведокот А.Г.

Застапникот на обвинението, обвинителката  Лидија Раичевиќ, за следното рочиште како сведок ја предложи Блерта Поцеста, притвореничка од Затворот Скопје, која изврши ладнокрвно убиство на тројца членови на своето семејството во Дебар.

Според обвинителката Раичевиќ, Поцеста како сведок треба да збори за околностите што ги слушнала за овој настан.

Одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска реагираше на овој предлог со образложение дека најавениот сведок е во нарушени односи со обвинетата.

Истото го кажа и Ангела Ѓорѓиевска, која обвини дека мајката на Пино нуди пари и добар адвокат за секоја информација во врска со настанот. Но истото не можеше да го потврди.

Следно судско рочиште за убиството на Пино Секондо е закажено за 13 март. Судењето го води судијата Ленка Давидковска.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Next Post

Спасовски: Инфраструктурното поврзување е клучно за развојот на Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk