ЈСП Скопје од денеска ќе почне со дополнителна дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата.
Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство.
Дополнителната дезинфекција се спроведува како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичницата.
Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно.