Државната изборна комисија го објави Адресарот на подрачни одделенија и канцеларии на ДИК каде граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список или да дадат поддршка на листи на кандидати за пратеници на предвремените парламентарни избори.
„Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат
увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа можат да го направат лично во подрачните
одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, кои се сместени на горе наведените
локации.
Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да дадат потпис
за подршка на листа на кандидати за пратеници, предложена од група избирачи, тоа можат да го
направат лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија надлежни
за територијата каде живеат, а кои се сместени на горе наведените локации.
За време на јавниот увид и собирањето потписи за подршка на листи на кандидати за
пратеници предложени од група избирачи, подрачните одделенија и канцеларии ќе бидат отворени
секој ден од 09:00 – 19:00 часот а на 06 март и 11 март 2020 година до 24:00 часот“, соопштуваат од ДИК.
Според роковникот, јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае до 11 март до 24 часот, а рокот за собирање потписи за поддршка завршува на 6 март во 24 часот.