ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Овации и ласкави критики за Трпчески по концертите во Даблин и Лондон

„Тој дојде, отсвири и освои“ – вака Ендрју Ларкин, критичар на „Бахтрек“,  ја почнува рецензијата насловена „Вонсериска изведба на Симон Трпчески во Даблин“, продолжувајќи дека изведбата била со „беспрекорна елеганција, исполнета со длабока промисленост, а поткрепена со колосална техника, која и не можеше да стори ништо друго освен да ги одушеви присутните“

February 27, 2020 13:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Овации и ласкави критики доби пијанистот Симон Трпчески по настапите на неговата рецитална турнеја во Даблин и Лондон, соопшти КултурОп.

По мастеркласот што го одржа во ирската престолнина, за кој исто така имало голем интерес, Трпчески одржа незаборавен концерт, враќајќи се со целовечерен рецитал во рамки на престижната серија на Националната концертна сала на Даблин.

„Тој дојде, отсвири и освои“ – вака Ендрју Ларкин, критичар на „Бахтрек“,  ја почнува рецензијата насловена „Вонсериска изведба на Симон Трпчески во Даблин“, продолжувајќи дека изведбата била со „беспрекорна елеганција, исполнета со длабока промисленост, а поткрепена со колосална техника, која и не можеше да стори ништо друго освен да ги одушеви присутните“.

На програмата биле помалку познати романтични дела од Брамс и Лист, а вториот дел од рециталот им бил посветен на руските композитори (Прокофјев и Мусоргски/Римски-Корсаков). Специјална посвета за одушевената публика во Даблин била изведбата на евровизиската победничка песна „Hold me now” од Џони Логан.

Рециталот во лондонски „Барбикан“ во вторникот бил најавен како настап на „пијанистот со харизма и виртуозност“. Критичарот на „Артс Деск“, Дејвид Најс во насловот го нарекува Трпчески „харизматичен камелеон“, објаснувајќи го епитетот со понуденото изведувачко богатство „лавиринтот на Брамс, блескавиот Лист и Русите кои меланхолијата ја заменуваат со лудило“.

-Истакнувајќи ја тежината на програмата што првпат ја слуша во ваква комбинација, Најс подвлекува дека „еластичноста и слободата на Трпчески Ве водат на непредвидливи патувања, дури и во делата што ги знаете“. Во својата детална рецензија тој прави и извонредна паралела со најновото ЦД на Трпчески „Сказни од Русија“, наведува КултурОп.

Мартовската концертна серија на Трпчески продолжува во Соединетите Американски Држави, Шпанија, Хрватска и повторно во Велика Британија.

Next Post

Кина испраќа 100.000 патки во борбата против скакулците во Пакистан

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk