Сигурно сте ги забележале автомобилите кои низ Скопје го најавуваат карневалот што ќе се одржи на 29ти февруари во Струмица. Сите овие автомобили се дел од кампањата на компанијата PowerAD, која во соработка со најпознатите угостителски локали од Струмица ја направија една од поголемите рекламни кампањи на територијата на Македонија.
Вкупно 30 автомобили брендирани со уникатни стикери кои е невозможно да останат незабележани, од почетокот на месецов го рекламираат и го раздвижуваат духот на јубилејниот 30ти по ред Струмички Карневал низ улиците на главниот град. Карневалот е настан кој одамна е препознатлив белег на градот под Царевите кули. Оваа година главната карневалска вечер ќе се одржи на 29ти Февруари но забавата низ градот започнува во петок. Угостителските локали вклучени во PowerAD кампањата ги покануваат сите граѓани од државата и им ветуваат добра забава во текот на целиот викенд.
Инаку, PowerAD е старт-ап кој нуди револуционерен и иновативен начин на надворешен маркетинг. Веќе 2 години по ред на Светскиот Форум на Бизнис Ангели во Истанбул, Турција (WBAF 2019 & WBAF 2020), се единствените претставници од нашата држава и беа одбрани помеѓу топ 50 стартапи, каде ја проширија нивната бизнис мрежа низ повеќе држави од целиот свет.
PowerAD им овозможува на компаниите кои сакаат да го рекламираат својот бренд, да се поврзат со сопствениците на приватни возила кои ќе ги брендираат истите и притоа да заработуваат на секој извозен километар. На овој начин, компаниите добиваат поголема видливост и поуникатен тип на реклама, можност за следење на автомобилите во реално време, како и целосна аналитика и статистика за целата нивна рекламна кампања. Од друга страна, возачите при вршење на нивните секојдневни обврски ќе заработуваат пари на секој километар, односно ќе враќаат дел од средствата кои ги имаат потрошено за гориво.
Доколку сакате и вашиот автомобил да биде дел од некоја од кампањите на PowerAD, или пак, имате компанија и сакате да се рекламирате на овој начин, посетете го вебсајтот www.powerad.io.
Останатите автомобили од кампањата можете да ги видите на официјалниот фејсбук профил на
PowerAD – www.facebook.com/powerad.official