ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Оваа коалиција ќе освои сериозно и сигурно мнозинство за формирање влада

Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен, рече Заев

February 27, 2020 13:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, пак од своја страна, го оцени Биљаљ Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите.  Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

-Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

-Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА. Со овој наш чекор мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија го претпочивме во конкретна програма, рече Заев.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите…

Најави дека се сигурни победници на 12 април. – И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозно и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти, рече Заев.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

-Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

-Оваа коалиција е продолжение на возот на НАТО, кој ќе не зачлени и во ЕУ, додаде Касами.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ханс Клуге од СЗО: Без паника за коронавирусот, да се следат препораките за заштита

НАЈНОВО

Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk