ФФМ потврди дека натпреварите од Првата и Втората лига ќе се одиграат според предвиденото од претходно, но без публика според препораките на Владата на Македонија.
„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“, велат од ФФМ.