ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повторно одбиено барањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги

За Комората, која поднесува вакво барање веќе шеста година, остануваат нејасни образложенијата на Министерството, дека намалувањето на ДДВ не се прифаќа зашто даночни олеснувања за ветеринарни услуги не се во согласност со прописите во ЕУ, како и затоа што фискалните импликации од евентуалното намалување на даночната стапка не се планирани за буџетот за 2020 година

February 28, 2020 10:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии повторно го одби барањето на Ветеринарната комора (ВКМ) за намалување на данокот на додадена вредност за ветеринарните услуги од 18 на 5 проценти.

За Комората, која поднесува вакво барање веќе шеста година, остануваат нејасни образложенијата на Министерството, дека намалувањето на ДДВ не се прифаќа зашто даночни олеснувања за ветеринарни услуги не се во согласност со прописите во ЕУ, како и затоа што фискалните импликации од евентуалното намалување на даночната стапка не се планирани за буџетот за 2020 година.

-Како некои членки на ЕУ (Полска, Словенија, Ирска) имаат повластена даночна стапка за ветеринарните услуги, ако тоа е во спротивност со ЕУ легислативата и како е можно претседателот на врвното тело на европските ветеринари, Европската федерација на ветеринари (ФВЕ), кој ја поддржа иницијативата на ВКМ во однос на ова прашање, да не е информиран дека намалување на даночна стапка за вететринарните услуги не е допуштено во ЕУ? Навистина не ни е јасно. Инаку, скоро една деценија, постојано, секоја година поднесуваме барање за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги и ветеринарно-медицинските препарати. За ветеринарно-медицинските препарати е донесено позитивно решение во 2019 година, на што сме благодарни, додека за ветеринарните услуги упорно не одбиваат иако, во суштина, бенефитот од ваквата мерка би бил реален само доколку проблемот се решава во пакет, вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски.

Според него, ветеринарните услуги кои се основа за сточарското производство, но и за јавното здравје, не треба да се третираат како луксуз. Затоа и се бара намалување на данокот на додадена вредност. Ако вакцинацијата на милениците сега чини 590 денари, со намалување на стапка на ДДВ на пет отсто би била 500 денари.

-Суштина на даночните олеснувања е стоките и услугите, кои се од витално значење, да бидат достапни, зашто во краен случај ДДВ-то го плаќа крајниот корисник, напоменува Николовски според кој најдобар пример за општествена валоризација на ветеринарната професија е соседно Косово, каде ДДВ за ветеринарните услуги и лекови изнесува нула проценти.

Во периодов пред претстојните парламентарни избори, Ветеринарната комора се обратила со писма до сите релевантни политички партии.

-Бараме средба со нивните лидери за да им ги изложиме состојбите во ветеринарно-здравствениот сектор, да го посочиме општественото значење и улогата на струката, како и да ги образложиме нашите барања за опстанок и развој. Во оваа прилка би ги повикал сите доктори по ветеринарна медицина во државата, кои се вклучени во политичките структури на кое било ниво, да дадат свој придонес во реализација на тежнеењето, како професија да добиеме адекватен третман и статус во општеството, истакнува претседателот на Комората. Само професија која се состои од свесни поединци за општото добро и доброто на сопствениот сталеж има прилика да ги остварува своите функции и да биде препознана како професија од јавен интерес, што и ветеринарната всушност, претставува, вели претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски.

Next Post

Кривична пријава против скопјанец за „задоволување полови страсти пред друг“

НАЈНОВО

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар:Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025
Фото: Фејсбук профил на Билјана Ивановска

Билјана Ивановска ги демантира манипулациите дека дава поддршка за ЗНАМ: „Не повикувам гласачи и не правам пазар со партии“

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk