Во игра останаа неколку големи европски клубови. Во борбата за трофејот останаа екипи како Интер, Манчестер Јунајтед, Волверхемптон, Рома, Севиља, Баер Леверкузен и Волфсбург
Откако скоро сите осминафиналисти во Лига Европа веќе се јасни (последниот ќе стане јасен вечерва), ждрепката за натпреварите од оваа фаза на турнирот ќе биде извлечена денес од 12 часот по македонско време во Нион.
Во игра останаа неколку големи европски клубови. Во борбата за трофејот останаа екипи како Интер, Манчестер Јунајтед, Волверхемптон, Рома, Севиља, Баер Леверкузен и Волфсбург.
За разлика од 1/16-финалето, нема да има носители и неносители, ниту ограничување на ривалите од иста земја.
Дуелите ќе бидат во два натпревари, при што првите натпревари се закажани за 12 март, а реваншот за 19-ти.
Дуелите традиционално ќе започнат во 18:55 часот или 21 часот по македонско време.
Ждрепката за 1/4-финалето и 1/2-финалето ќе се одржи на 20 март.
15 confirmed teams for the last 16:
Rangers Roma Wolfsburg LASK Basel Leverkusen İstanbul Başakşehir Wolves Shakhtar Inter Manchester United Olympiacos Sevilla Copenhagen Getafe#UEL