ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Над 1.100 ученици ќе посетуваат курсеви на немајчин јазик во рамки на проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Во 11 скопски средни училишта од утре започнува реализацијата проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“, како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост.

March 1, 2020 10:51
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 11 скопски средни училишта од утре започнува реализацијата проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“, како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост.

Како што соопшти Град Скопје, во рамките на овој проект ќе бидат реализирани бесплатни тримесечни курсеви за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик наменет за учениците и наставниците чиј мајчин јазик е различен од оној на избраниот курс.

– Со посетување на курсевите учениците ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација. За оваа активност интерес пројавиле вкупно 1.173 ученици и 69 наставници. Од нив 769 ученици (поделени во 20 групи) ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 224 ученици и 69 наставници (во 15 групи) ќе посетуваат курс по албански јазик и 180 ученици (во 13 групи) ќе го следат курсот по турски јазик, се додава во соопштението.

 

Курсевите ќе бидат логистички и финансиски поддржани од страна на Град Скопје, ќе ги држат наставници вработени во средните училишта, а ќе се реализираат во училиштата „Здравко Цветковски“, „ Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Арсени Јовков“, „Д-р.Панче Караѓозов“, „Боро Петрушевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“ и „Браќа Миладиновци“.

– Во останатите училишта на Град Скопје вакви курсеви предвидено е да бидат организирани во првото полугодие од наредната учебна година. Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост 2019-2014 беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година со цел унапредување на меѓуетничката кохезија кај младите во духот на градењето на едно општество за сите како еден од стратешките приоритети на нашата држава, се нагласува во соопштението на Град Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk