ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цветанов повторно го прашува Мицкоски: Дали ВМРО-ДПМНЕ спрема списоци за линч?

Го прашувам уште еднаш лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, дали лично е запознаен со листите коишто се подготвуваат, во кои што сум информиран дека сум и јас, но и стотина други граѓански активиски, политичари итн., и дали тој знае дека одредени негови сопартијци подготвуваат такви листи за политичка одмазда, за политички линч преку користење на институциите, евентуално во иднина доколку дојдат на власт, преку злоупотреба на МВР, коишто посакуваат да се врати ВМРО – МВРО, и преку користење на судиите коишто се од тефтерчето на Горде и сфаровски судиите“, прашува Цветанов.

March 2, 2020 19:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ване Цветанов од Зелена Лупа, по речиси 3 месеци откако јавно го прашува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Дали во ВМРО ДПМНЕ се спрема црна листа за линч на неистомислениците, ако евентуално дојдат на власт по изборите, денеска повторно го праша истото прашање, бидејќи досега не добил одговор.

„За жал, практиките кои се користеа за време на режимот, постои опасност да бидат повторени доколку му се даде шанса на Христијан Мицкоски да биде премиер, во кое јас лично не верувам, бидејќи граѓаните се политички писмени и знаат за кого да го дадат својот глас. Тие сè уште имаат намери да казнуваат луѓе, да внесуваат луѓе во затвори само заради слободна мисла, заради тоа што некој го кажал своето мислење, а на нив не им одговарало на структурите на минатото, а очигледно и на сегашното ВМРО. Тие ги поемаат тие луѓе како свои непријатели, што е многу тажни и жално за демократските процеси во нашата држава.

Една ваша колешка – новинарка, таа ги видела листите и ме праша мене дали имам подетални информации околу тоа, искрено првпат слушнав за тие листи, но ја искористив приликата да го прашам директно лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дали е запознаен со изготвувањето на таканаречените црни листи на луѓе што се нивни неистомисленици и нивни критичари, и дали навистина се подготвува планови за одмазда и линч на тие луѓе, по примерот и начинот кои беа практикувани во времето на црните денови на режимот кога недолжни луѓе се носеа во притвори и лежеа по три години во притвори на завршена постапка без никакви основи, се со цел да им се одмаздат, односно тие луѓе да бидат казнети.

Според анализите на „Зелена лупа“ и на други граѓански организации, излезе дека и дел од доказите биле давани со цел да се уништат животи, односно диапазонот на казните биле од 1 до 10 години, а „сваровски судиите“ од тевтерчето на Горде (Гордана Јанкулоска), изрекувале санкции коишто се многу тешки и кои не се соодветни на македонскиот правен систем.

Од тие причини јас сè уште не знам дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски е директно запознаен со ова, но знам дека одредени партиски војници, односно фунционери на централно и локално ново, освен што планираат да си се вратат во фотељите, тоа е нивна математика, и да продолжат со масовното крадење и грабеж на државата, покритието го гледаат повторно преку линч на своите неистомисленици. Затоа ја користам оваа прилика јавно да го прашам уште еднаш лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, дали лично е запознаен со листите коишто се подготвуваат, во кои што сум информиран дека сум и јас, но и стотина други граѓански активиски, политичари итн., и дали тој знае дека одредени негови сопартијци подготвуваат такви листи за политичка одмазда, за политички линч преку користење на институциите, евентуално во иднина доколку дојдат на власт, преку злоупотреба на МВР, коишто посакуваат да се врати ВМРО – МВРО, и преку користење на судиите коишто се од тефтерчето на Горде и сфаровски судиите“, прашува Цветанов.

Ване Цветанов од Зелена лупа, кој учествуваше на панелот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ, на 21 декември 2019 година, му постави јавно прашање на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ: Дали во „Белата палата“ се спремаат списоци за линч и што ќе направи тој ако излезат докази за тоа?

Целото интервју со Цветанов ќе биде објавено утре на ЦИВИЛ Медиа. / Дехран Муратов

Next Post

Заев – Дукс: Позитивниот извештај е потврда за посветеноста на реформите

НАЈНОВО

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk