ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дачијан Чолош: Северна Македонија и Албанија се географски, културно и историски поврзани со Европа

– Граѓаните мора да бидат повеќе вклучени во овој процес, кој мора да ги надмине бирократските и бриселските кругови. Граѓаните во двете страни –  државите кандидатки и земји членки на ЕУ – мора да ги видат материјалните придобивки од овие зближувања кои не можат да бидат ограничени на дијалог помеѓу администрациите, смета Чолош.

March 2, 2020 14:30
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на групата Обнова на Европа во Европскиот парламент, Дачијан Чолош во текст во францускиот дневен весник „Л’Опинион“, ја нагласува важноста на проширувањето на Европската Унија, потенцирајќи дека од „суштинско значење е „негативната условеност, да оди заедно со позитивна“, јави дописникот на МИА.

– Во 1986 година, за прашањето за прием на Шпанија и Португалија, Симоне Веј, тогашниот претседател на либералната група во Европскиот парламент, објасни дека капацитетот на Европската Унија да биде отворена и солидарна и да привлече нови членови, културно и политички блиски, ќе ја направи посилна. За неколку недели, кога Европскиот совет ќе расправа за започнување на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ќе треба да ги запомниме овие зборови, наведува романскиот европратеник Чолош.

Тој потенцира дека двете земји минаа низ значителни трансформации во последниве години, со мотивација и перспектива за европска интеграција.

– И Албанија и Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан се географски, културно и историски поврзани со Европа, нагласува Чолош.

Тој оценува дека за успешно проширување на ЕУ, процесот на интеграција мора да се подобри, при што ги поздравува предлозите на Европската комисија за измени на методологијата на процесот на преговори.

– Граѓаните мора да бидат повеќе вклучени во овој процес, кој мора да ги надмине бирократските и бриселските кругови. Граѓаните во двете страни –  државите кандидатки и земји членки на ЕУ – мора да ги видат материјалните придобивки од овие зближувања кои не можат да бидат ограничени на дијалог помеѓу администрациите, смета Чолош.

Европратеникот потенцира дека при неговата последна посета на Северна Македонија, се уверил „во силниот стремеж кон Европа и надежите меѓу лидерите на земјата, политичките лидери, граѓанското општество и студентите со кои се сретнал“.

– Од суштинско значење е процесот на проширување да придонесува за ефективно почитување на европските вредности и правила на игра од страна на земјите кандидати, особено во однос на владеењето на правото и граѓанските слободи. Предлозите да се преиспита методологијата на преговори за пристапување, да се зајакне местото што го заземаат овие субјекти, како и можноста за повторно отворање на поглавјата кои се веќе затворени, што може да предизвика појава во случај на влошување на замрзнување на преговорите или запирање на процесот, се движење во вистинската насока, оценува Чолош.

Тој притоа е на мислење дека е „од суштинско значење е оваа негативна условеност да оди заедно со позитивната“.

– Веднаш штом земјите кандидатки ги интегрираат правилата на заедницата, во специфичен сектор и штом нивниот напредок во однос на почитувањето на демократските принципи и правната држава се неповратни, тие треба да бидат тесно вклучени во европската соработка во овие области, додава Чолош во текстот.

Тој  смета дека ако целиот политички напредок кон мирно и подобро подготвено проширување ќе биде бескорисен ако самата ЕУ не се обнови, особено со финансискиот капацитет за да живее според своите политички амбиции.

– Во овој поглед, Европскиот парламент ќе биде внимателен кога ќе даде согласност за идната европска буџетска рамка за годините 2021-2027 и ќе биде исто толку внимателен за глобалниот буџет и сопствени ресурси, колку и за прашањето за владеењето на правото, смета европратеникот.

Чолош притоа потсетува дека и во  рамките на Унијата, мора да се почитуваат европските вредности, залагајќи се за ефективна и ефикасна условеност на европските фондови без одлагање.

Дачијан Чолош, кој е поранешен премиер на Романија, од 2019 година е член на Европскиот парламент и претседател на центристичката и либерална група Обнова на Европа.

Next Post

Прес конференција на Националниот координатор за ЕУ интеграции

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk