ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Серија напади на насилничка банда во северна Нигерија

„Насилниците ги обвинуваат жителите од нападнатите села за давање информации на војската поврзани со скришните места на насилничката група“

March 2, 2020 15:18
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 50 жртви е билансот од повеќекратниот вооружен напад во неколку села во северна Нигерија. Властите, во официјалното обраќање, додадоа и дека насилниците краделе добиток од локалното население, пренесува AFP.

Според изворите, во неделата рано изутрина, околу 100 вооружени разбојници влегле во селата Керава, Зарејава и Минда во областа Кадуна, пукајќи во верници кои излегувале од џамиите после утринските молитви, по што теророт го прошириле и на локалното население, палејќи и oпустошувајќи голем дел од живеалиштата.

„До сега се најдени 50 тела на настрадани, но бројката не е финална и се очекува истата да расте, со оглед на тоа дека на пат е и најавената помош за спасување“ изјави Зајад Ибрахим, легислатор во парламентот на Нигерија. Тој додаде дека неколку жртви кои се повредени во нападите се пренесени во најблиските болници.

Нападите, според изјавата на Дајабу Керава, се одговор на учеството на населението во неодамнешните операции на армијата против таканаречените „бандити“ во нивните скривалишта во шумите.

„Насилниците ги обвинуваат жителите од нападнатите села за давање информации на војската поврзани со скришните места на насилничката група“ вели Керава, додавајќи дека претходниот ден закопале 51 жртва од нападите.

Портпаролот на полицијата во Кадуна изјави дека надлежните органи ги истражуваат нападите.

Во последните години, насилството во Нигерија е во пораст заради бандите кои постојано напаѓаат села, киднапираат население и крадат добиток. Во недостаток на безбедносни сили во регионот, ваквите насилни групи ги напаѓаат населените места од околните шуми, каде што се кријат.

Силите за безбедност во февруари најавија операција за справување со вооружените банди во регионот.

Во серија напади минатиот месец беа убиени 21 лице, вклучувајќи и 16-члено семејство.

Властите во неколку области во северозападниот дел на Нигерија имале повеќе неуспешни обиди за склучување мир со насилниците и прекин на крвопролевањето.

 

А. Н. С

 

Next Post

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е натурализиран ВМРО-вец

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk