ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев – Дукс: Позитивниот извештај е потврда за посветеноста на реформите

Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме. Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја.-истакна преседателот на СДСМ, Заев.

March 2, 2020 19:42
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од амбасадата на Р.Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата односно престојните парламентарни избори во Април.
Претседателот Заев го посочи позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кој беше објавен  денеска, како особено важен бидејќи во него се констатира значителен напредок во спроведените реформи, со препорака до Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија.
Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме. Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја.-истакна преседателот на СДСМ, Заев.
Во однос на престојните парламентарни избори претседателот Заев истакна дека многу е важно тие да бидат регуларни, фер и демократски, затоа што тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската унија.
Како друга актуелна тема се постави и мигрантската криза, особено по отворањето на границите од страна на Р.Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигранти и кон нашата земја и справување со целата таа ситуација,  на што од страна на претседателот Заев беше посочено дека нашата држава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Р.Грција и Р.Бугарија но и отворена за соработка со земјите членки на ЕУ, иако сеуште не е членка ,сепак стои отворена за насоки и стратегии во поглед на справување со истата.
Амбасадорот на Р.Унгарија во државава, Ласло Дукс истакна дека Р.С.Македонија има огромна поддршка од Р.Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција, тоа веќе го потврди и на самитиот во Октомври минатата година, така ќе биде и овојпат во Март и искрено се надева дека земјата ќе го добие конечно датумот за почеток на преговори.
Двете страни се согласија дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Р.Унгарија во Р.С.Македонија.
Next Post

Негативни тестовите на коронавирус кај двајцата лекари кои се вратија од Мадрид

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk