ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба на Заев со амбасадорот Јелстад: Норвешка, по САД, е наш најголем стратешки партнер во интеграцијата во НАТО

Претседателот Заев на средбата се заблагодари за сестраната поддршка што Кралството Норвешка ја дава на нашата земја, нагласувајќи дека Норвешка, после САД е наш најголем стратешки партнер во интеграцијата во НАТО и пример кој се стремиме да го достигнеме.

March 3, 2020 18:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Скопје оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија Јерн Јелстад, на која стана збор за членството на земјата во НАТО, процесот на евроинтеграција, регионалната соработка, Преспанскиот договор, напредокот што го оствари земјата во изминатите 2,5 години, спроведувањето на реформите, како и за претстојните парламентарни избори на 12 април.

Претседателот Заев на средбата се заблагодари за сестраната поддршка што  Кралството Норвешка ја дава на нашата земја, нагласувајќи дека Норвешка, после САД е наш најголем стратешки партнер во интеграцијата во НАТО и пример кој се стремиме да го достигнеме.
Изминатите 2,5 години донесовме храбри одлуки, напишавме историја со цел да ги оствариме стратешките цели на земјата за членство во НАТО и во Европската унија, истакна претседателот Заев, додавајќи дека за многу кус период забележавме огромен напредок и очекуваме Европската унија во март, да ја исправи својата историска грешка и да ни додели датум за почеток на предпристапни преговори за членство.
Заев го запозна Јелстад дека со предизборната коалиција со движењето Беса за прв пат во историјата на земјата е формирана предизборна мултиетничка коалиција и дека на кандидатските листи за претстојните избори ќе има рамноправна 50:50 застапеност на мажите и жените.
Република Северна Македонија е пример во регионот, истакна амбасадорот на Кралството Норвешка во државава Јерн Јелстад, додавајќи дека тука се спроведуваат мерки и реформи кои обезбедиле просперитет и раст на скандинавските земји, уште пред Европската унија,  како што се регионалната соработка, единствениот пазар, транспарентноста, слобода на медиумите, раст на економијата со зголемено вклучување на жените на пазарот на трудот, инвестиции во обновливи извори на енергија.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и амбасадорот на Кралството Норвешка во земјата Јерн Јелстад истакнаа дека добрите и пријателски билатерални односи ќе продолжат и во иднина, и во насока на економската соработка и норвешки инвестиции во земјата.

 

Next Post

Папата Францискo негативен на новиот корона вирус

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk