ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Покажавме дека и на Балканот може да се води европска политика

На прашање дали треба да се укине т.н. пржинска влада, претседателот Пендаровски  одговара дека пржинската влада се наметна како политичка потреба на специфичниот политички контекст на времето во кое беше формирана.

March 4, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кај сите политички лидери на Балканот, без исклучок, постои уверување дека по тешките одлуки што ги донесовме изминативе три години, Северна Македонија гради нова политика кон соседите и забрзано се интегрира во евроатлантските структури, вели во интервју за „Слободен печат“ претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Покажуваме, истакнува претседателот, како во регионот на сè уште проблематичниот Балкан, политиката може да се води на поинаков начин, со манир на европска земја, која денес генерира стабилност.

На прашање дали предвремените парламентарни избори се неповратно изгубено реформско време, беа ли голема грешка или неминовност, Пендаровски одговара дека изборите се резултат на договорот на лидерите на најголемите парламентарни политички партии кој дојде во еден специфичен период, по недонесувањето одлука за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври минатата година.

-Иако земјава ги исполни предусловите за почеток на преговорите, Советот на ЕУ одлучи да се наврати на прашањето на проширувањето напролет, а негативната рефлексија на таа ситуација, најпрво, ние ја почувствувавме. Фактот дека лидерите на политичките партии едногласно се согласија за предвремени избори е пример за практицирање на зрела демократија. Не сметам дека се изгубено време, туку, напротив, во дадениов момент, изборите се можност за обнова и проверка на политичкиот легитимитет на партиите во новиот политички контекст, вели Пендаровски.

На прашање дали треба да се укине  т.н. пржинска влада, претседателот Пендаровски  одговара дека пржинската влада се наметна како политичка потреба на специфичниот политички контекст на времето во кое беше формирана.

-Објективно, во време на длабоката политичка криза во 2016 година, техничка или преодна влада за спроведување на изборите беше потребна. Кога нивото на недоверба меѓу партиите ќе биде помало од денес и кога ќе имаме друго ниво на политичка култура, најверојатно, ќе се постави прашањето за потребата од понатамошно спроведување на тој модел. Но, факт е дека за какви било измени во таа насока ќе биде потребен широк политички консензус, посочува Пендаровски во интервјуто за „Слободен печат“.

Next Post

Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk