ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Пријателите на проширувањето“: ЕУ должи одлука за прием

Се надевам дека ЕУ наскоро ќе почне преговори за членство на Северна Македонија и Албанија. Го цениме учеството на Северна Македонија во Берлинскиот процес минатата година. Полска претседаваше со овој процес чија цел е да даде поддршка  на европската интеграција на земјите од овој регион, рече Чапутович.

March 4, 2020 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи  на Полска, Летонија, Литванија и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска се сретнаa со шефот на дипломатијата Никола Димитров и истакнаа дека ја поддржуваат Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович на заедничката прес-конференција истакна дека ги ценат напорите што ги преземаат македонските власти во спроведувањето на реформите.

– Се надевам дека ЕУ наскоро ќе почне преговори за членство на Северна Македонија и Албанија. Го цениме учеството на Северна Македонија во Берлинскиот процес минатата година. Полска претседаваше со овој процес чија цел е да даде поддршка  на европската интеграција на земјите од овој регион, рече Чапутович.

Тој изрази надеж дека за неколку недели Република Северна Македонија ќе се приклучи кон НАТО.

– Обезбедувањето на членството во овие институции, ЕУ и НАТО е особено важно затоа нашите четири земји се подготвени да го споделат своето искуство во процесот на преговори со ЕУ, но и за тоа како да се справите со безбедносните ризици кои произлегуваат од други надворешни актери. Има една етичка димензија на членството на земјите од регионот во ЕУ. Сметаме дека ЕУ им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, тоа е долг кон општеството, кон граѓаните, но тука е и безбедносната димензија и има и други актери вон ЕУ  кои се активни во регионот, па така одлука за почеток на преговори ќе го спречи негативното влијание, рече Чапутович.

Министерот Димитров информира дека Полска, Летонија, Литванија и Естонија се членки, дел од т.н. група „Пријатели на проширувањето“ и тука се за да ни дадат, како што рече, поддршка и јасен сигнал.

– Доаѓаат два дена по објавувањето на ажурираниот краток или како што ние го нарекуваме мини Извештај на Комисијата. Европската комисија  кажа дека ние испорачавме, дека не само што продолживме, туку и ги зголемивме реформските напори и испорачавме опипливи и одржливи реформски резултати. Претходно, Комисијата предложи нова методологија за тоа како ќе се спроведува процесот на пристапување. И мислам дека овие два столба се одлична основа конечно да има испорака и од страна на ЕУ, една јасна, недвосмислена, опиплива, одржлива одлука за пристапни преговори, нагласи Димитров.

Министрите за надворешни работи од вчера се во посета на земјава, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“ и синоќа беа примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Next Post

[Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk