ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Јавниот интерес и рекетарската фабрикација

Опозицијата (и нејзиниот истакнат финансиер, кој наводно бил рекетиран, а е самиот обвинет за тешки кривични дела во друга постапка) вложи многу изборни надежи во аферата „Рекет“. Тие политикантски инвестиции сè уште траат (се палат и билборди на таа тема деновиве!), иако амбициозната суштина на самиот скандал, наспроти нивните намери, им се „стопија“ како коцка мраз на пролетно сонце.

March 5, 2020 10:49
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Time for Justice , 3d render

Time for Justice , 3d render

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ/ЦИВИЛ

Се разбира дека е погрешно да се осуди со шест месеци условна казна одговорниот на некој портал кој објавил оригинални записници од сведочења за кои објавувачот проценил дека постои јавен интерес да бидат објавени. Дури и без разлика што се работи за ѓубре од портал чија единствена смисла за постоење, со редовно користење на лаги, шпекулации, навреди и клевети, е да биде платформа за дискредитација на луѓе кои се политички или идеолошки опоненти на една од партиските опции во Македонија.

Но, во случајов, се работи за веродостојни записници кои можат да фрлат светло врз одреден кривично-правен настан за кој постои голем интерес во македонската јавност. Да, записниците се со тежина на „службена тајна“, но тоа е примарен проблем на институцијата од која протекле, а не на објавувачот. Судот морал по тој редослед да ги цени постапките.

Објавувачот, додуша, има можност да го открие својот извор, но тоа дури ни за партал-портал не е препорачливо, бидејќи го обесхрабрува принципот на доверливост на медиумските извори кои треба да го имаат јавниот интерес предвид како оправдување за ризикот што го преземаат.

Од друга страна, тужителот има(ше) обврска да спроведе ефективна истрага за тоа како и од кого протекле тие службени тајни до јавноста. Но, Обвинителството не се ни обиде да спроведе таква истрага со оправдување дека, наводно, немало ресурси за тоа, иако се работи за суштинско влијание во меритумот на ова обвинение. Како што се испоставува, основата на обвинението речиси целосно се потпира врз кредибилитетот на сведоците (во случајов, со неверојатно количество на „рекла-казала“ снимени и искажани сведоштва во процесот, со многу пикантерии кои немаат врска со самиот предмет) за да се докаже делото, бидејќи материјалните докази се или непостоечки или прилично неуверливи или сосема шпекулативни.

Значи, имаме крајно проблематична судска пресуда која, генерално, ги тангира слободата на говорот и слободата на печатот во државава, во директна врска со судски процес кој – до сега, судењето е сè уште во тек, иако Обвинителството заврши со својата доказна постапка – комплетно потфрли во внимателно пропагандно креираната напнатост во јавноста дека случајот ќе ја докаже и ќе ѝ пресуди на поврзаноста на наводната крупна рекетарска операција со врвот на власта (Заев) и корумпираното правосудство (СЈО). Дури, впечаток е дека до сега не само што НИШТО од таа агресивно политички авансирана теза не е докажано, туку не може точно да се сфатат ниту мотивите, ниту постапките на сите вмешани, а сè поуверливо се поставува прашањето зошто Обвинителството не решило да поведе процес за обид за поткуп и последователни кривични фабрикации, а не за рекет во случајов?

Опозицијата (и нејзиниот истакнат финансиер, кој наводно бил рекетиран, а е самиот обвинет за тешки кривични дела во друга постапка) вложи многу изборни надежи во аферата „Рекет“. Тие политикантски инвестиции сè уште траат (се палат и билборди на таа тема деновиве!), иако амбициозната суштина на самиот скандал, наспроти нивните намери, им се „стопија“ како коцка мраз на пролетно сонце.

Можеби опозицијата располага со дополнителни „крунски докази“ за скандалот што ги нема Обвинителството, а кои допрва мислат „предизборно“ да ги објавуваат? Тоа, навистина, би било правно безобразие, со оглед на привршувањето на фактичкото судење, но политички сигурно би им користело во предизборни цели…

Но, ако немаат такви уверливи, необјавени докази, тогаш целата оваа правосудна шарада на која бевме изложени во изминатите десетина месеци ќе се покаже дека била свесно конструирана операција со многу повисоки, валкани политички интереси, од самите пресуди што ќе следуваат за преостанатите двајца обвинети, какви и да се тие.

Опозициската пропаганда, со користење на целиот спектар на највалкани инсинуации и дискредитации, се обиде оваа афера да ја претстави како правен, политички и морален еквивалент на „бомбите на Заев“… Како што сега стојат работите, тоа ви е како „Енциклопедија Британика“ на македонскиот криминал да ја споредите со казна за предизвикување значителна материјална штета заради (морално) возење под дејство на алкохол.


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk